Норвешката премиерка Ерна Солдберг објасни дека не може да го избегне чувството дека кандидатурата на Осло (од околу 5,4 милијарди долари) и изгледа како глобална журка за матура, "ќе беше убаво, ќе беше забавно, ама има многу други поважни работи со кои мора да се справиме."
Проблемот со Олимпијадата е што ретко која неавтократска држава ќе може да ја убеди јавноста во долгорочниот бенефит од организирање Олимпијада или Мундијал, а и тие што ќе успеат ризикуваат да го трпат она што му се случи на Бразил на Мундијалот.
На страна политиката, проблемот со кандидатите за ЗОИ 2022. е не само што Пекинг нема планини во својата околина (ќе направат веројатно), туку е само 1.200 километри оддалечен од Пјонгчанг, јужнокорејскиот град во кој ќе се одржат ЗОИ 2018. и 2.010 километри од Токио, каде што ќе се одржи Летната Олимпијада 2020-та.
Иако Алмати, Казахстан, има планини, тие немаат ни приближно големи пари за организација. Претставникот на Олимпискиот комитет на Казахстан уште на почеток од годината призна дека - нема да има некој многу голем буџет.
Доколку и Пекинг и Алмати се откажат од организирање, тогаш домаќинот на ЗОИ 2022-ра за прв пат ќе биде избран од МОК без кандидирање.