Ентони Ворен тужеше за инцидентот од 2008-ка откако се појави видеото во кое се гледа како тој е нападнат од полицијата по 20-минутната потера. Ворен моментално отслужува 20-годишна казна за обид за убиство, заради тоа што во потерата прегази еден од полицајците.
Според условите за спогодба на федералната тужба од 2009-та, во која тој обвинува 5 полицајци од Бирмингем (Алабама) за прекумерна сила, неговите адвокати ќе добијат 100.000 долари за трошоците и 359.000 долари за дневници.
Градот ја прифати спогодбата од страв дека продолженото парничење би насобрало поголеми трошоци.