ЛаФерари е најмоќното Ферари кое е легално да се вози на улица. Има 950 коњски сили (Кими Раиконен еднаш се изврте со него на тест патеката на Ферари), направено е во 499 примероци и во рок од 3 дена по премиерата на саемот во Женева, над 1.000 луѓе пуштија барање за да го купат. Нема да заокружат на 500-ка.
Еден од луѓето на кој му дозволија да го купи новото Ферари е Роберт Херјавец, канадски бизнисмен со хрватско потекло. Тој ова го заслужи со тоа што - до сега има најмалку 5 Ферарија. Иако изгледа како многу, според Херјавец, "има илјадници луѓе што го исполнуваат ова." (Херјавец има нешто под 20 Ферарија, меѓу кои 1986 Testarossa, 2012 GTO, 2013 599 Aperta, 2011 458 Italia и 2013 FF, а веќе има платено за неодамна најавените Ferrari F60 и Ferrari 458 Speciale).
Откако ќе го поднесеш барањето (со исполнет предуслов), локалниот дилер на Ферари го пушта списокот во Маранело, каде високите ешалони на компанијата одлучуваат на кој ќе му дозволат да купи.
Тој објаснува дека не се работи само за парите, и дека ако имаш милиони дека ќе го добиеш ЛаФерари, туку дека "тоа се користи како награда за луѓето кои се лојални на брендот. Интересно е што никогаш не знаеш дали ќе добиеш, се додека не го добиеш," а најголемиот дел од сумата ја плаќаш пред било што да ти е гарантирано.
"Знаеш дека го добиваш ама никогаш не знаеш, работите можат да се променат. Чекаш некое време, потоа добиваш период од - до, па добиваш по приближен рок, и на крај го добиваш конкретниот датум," објаснува Херјавец.