Според ЦЕО-то на Старбакс, Хауард Шулц, чие патување во Италија пред 33 години резултира со отворање на компанијата, првиот Старбакс во земјата треба да е отворен во Милано до 2017-та.
Вајард објаснувајќи ја разликата меѓу американската и италијанската кафе култура, посочува дека токму лежерноста и траењето на првата е она на што се базира успехот на Старбакс. Додека Американците сакаат да влезат во Старбакс да земат кафе и со лаптоп да се заседнат на неколку часа бесплатно вифи, Италијанците стојат на еспресо барот, пет минути муабетат за политика или спорт, го пијат кафето и си одат.
Некои од реакциите околу пристигнувањето на крајот на светот се мирољубиви:
- "Повеќе си го сакам мојот бар"
- "За мене без колач и торти, не е ова Старбакс."
Некои се чиста паника:
- "Лошо или полошо од Доминос? Знак за доаѓање на апокалипсата."
- "Бидете внимателни, пристигнувањето на #СтарбаксИталија може да ја уништи земјата."
- "Го пробав во Америка од што морав, ама на други места го избегнувам како Мекдоналдс."