Петицијата за втор референдум беше поставена за "не дај боже" од поддржувач на брегзит уште во мај, кога човекот чувствувал дека референдумот за излегување од Унијата може да не успее.
По правилата секоја петиција до Владата со над 100.000 потписи мора да биде земена предвид за дебата во парламентот. Оваа собра над 4,1 милион потписи.
Во врска со одлуката за отфрлање на петицијата од Форин офисот објаснуваат:
"Актот за референдум во декември 2015 мина во двата дома на Парламентот. Актот беше анализиран и дебатиран во Парламентот за време на неговото изгласување и беше прифатен од двата дома. Актот ги постави условите по кои ќе се одржи референдумот, вклучувајќи и датум, форма и прашањето кое ќе се појави на гласачкото ливче. Во него не беше поставена граница за резултатот или пак за минимум излезност.
Како што премиерот нагласи во неговата порака од 27 јуни, референдумот беше една од најголемите демократски вежби во британската историја во кој над 33 милиони луѓе го дадоа својот глас.
Премиерот и Владата беа јасни дека ова гласање се одржува еднаш во генерација и, како што порача премиерот, одлуката мора да се почитува. Сега мора да се подготвиме за процесот за напуштање на ЕУ и владата е посветена на осигурување на најдобриот можен исход за британските народ во претстојните преговори."
Според последните анкети на Индепендент, 4 од 10 испитаници би сакале да се одржи уште еден референдум пред Британија да ја напушти ЕУ.