Растечките тензии во Франција, особено во Париз по терористичките нападиод 2015 повлекол статистички мал, но финансиски значаен егзодус на милионери и дебело платени лица кои решиле да ја напуштат земјата.
Ова го покажува извештајот на агенцијата New World Wealth, која се занимава со секторот на богатите и со помош на дузина алатки ( број на визи, продажба на недвижен имот, интервјуа, следење на медиуми и сл) ги утврдува миграциските трендови на богаташите.
Последниот извештај покажува дека и други европски земји во кои почнуваат да се чувствуваат религиски тензии покажуваат слични трендови. Такви се Германија, Шведска, Белгија како и Велика Британија во која пак, Брегзит нема поголема улога бидејќи милионерите би останале таму дури и да излезе земјата од Унијата.
Франција е сепак најпогодена од ваквите миграции кои на еден поинаков начин, скапо чинат. Од неа си спакували куфери 10.000 милионери и високо платени поединци, што изнесува 3 проценти од таа популација. Париз води со одлив на 6%. Со други зборови, околу 7.000 париски богаташи во 2015 решиле да ја здуваат од таму, главно во правец на Велика Британија, САД, Израел и Австралија.
Глобално, втора по одлив на милионери е Кина па следат Италија, Индија, Грција и Русија. Исто така глобално, омилена дестинација за преселување им е Австралија која лани вдомила 8.000 нови милионери од цел свет.