Втора работа е што нема да ги гасат во 16 или 17 часот, туку во 19 часот.
Трета работа е дека ваквите драконски мерки нема да важат секој ден туку само во петок.
Четврта работа е дека ова важи само за вработени во јавен сектор.
Петта работа е дека и покрај сите овие повеќе од разумни ограничувања, две-третини од вработените побарале да бидат изземени од гасењето.
Планот е дел од иницијативата за намалување на „културата на работење прекувремено“.
Почеток на проектот е на 30-ти март, и ќе има 3 фази. Во првата компјутерите ќе се гасат во 20 часот секој петок. Во втората фаза, предвидена за април, се планира гасење на компјутерите во 19:30 часот секој втор и четврти петок во месецот. Во мај следува последната фаза, кога безмилосната јужнокорејска влада секој петок во месецот ќе ги гаси компјутерите на администрацијата и јавните вработени во 19 часот.
По објавувањето на мерката 67,1% од административците побарале да бидат ослободени од гасењето. Владата изјави дека само во исклучителни околности ќе дозволи изземање на вработените.
Административците во Јужна Кореја годишно работат 2.738 часа, или речиси 1000 часови повеќе од просекот во развиените земји од 1.763 часови. За споредба, со работна недела од 40 часа (5 дена х 8 часа) за една година, без ниту еден празник, спојување, одмор, боледување, можеш да изработиш 2080 часови годишно. (40 часа х 52 седмици).
Јужна Кореја претходно воведе забрана за малолетни деца да играат видео игри меѓу 00 и 06 часот наутро.