Таг: администрација

Ни на Јужнокорејците не им се погоди владата

Сторијава има толку неверојатно ставки што повеќе време ти треба за да ја провериш дали е точна, отколку за да ја составиш. Започнува со тоа дека властите во Јужна Кореја ќе почнат со исклучување на компјутерите на вработените, за да ги натераат да си одат дома на време.

Како владите станаа бизниси

За да се избегне сеприсутниот впечаток за превработеност на администрацијата и прескапиот бавен и неефикасен државен апарат, државите решаваат многу свои функции да аутсорсираат и да ги дадат во раце на приватни под-изведувачи. Ем поефикасно, ем тие вработени не се бројат како некои кои „народот ги плаќа“. На тој начин, завршуваме со многу поголем апарат (кој народот го плаќа) од оној кој сме сакале да го избегнеме.

Роди ме мајко административец, па фрли ме на буниште

Индиските власти објавија оглас за 368 вработувања на најниските работни места (потрчковци) во државната администрација. Откако заврши рокот за пријавување, имаат 2,3 милиони резимеа за прегледување.