Освен што Буш почна неочекувано да го вгостуваат сите можни меинстрим (либерални) медиуми во своите забавни програми, па сега ги доживува Обама моментите на поп-слава што ги немаше за време на својот мандат (Елен, Џими Кимел...) и самото раководството на Демократите почна да евоцира спомени од времето на неговото владеење, објаснувајќи дека во негово време тие "навистина соработувале заедно".
Рехабилитацијата на Буш делумно се должи на неговото дистанцирање од политиката сето ова време, како и одбивањето да го поддржи Трамп или да присуствува на републиканската претседателска конвенција.
Една од причините зошто Буш изгледа поприфатлив е и тоа што Трамп е драстично различен од комплетната политичка елита, помалку е предвидлив, помалку прифаќа совети и е постојано во "контроверзии без преседан".
Ова однесување речиси ја копира позицијата на републиканците по изборот на Обама, кога одеднаш нивниот најголем левичарски непријател, Бил Клинтон, стана разумен и прифатлив политичар.
"Работата е дека се што тогаш се веруваше дека е точно за Клинтон, сега се верува дека е точно за Обама. Клинтон некогаш беше радикален левичар, која се инфилтрира во власта за да наметне радикална агенда за конфискација на богатството. Денес сфаќаме дека тоа е смешно! Ама сега сме сигурни дека тоа е точен опис за Обама," пишува Џонатан Чеит во текстот за Њу рипаблик од октомври 2010.