Сопственичката на куќата обвинува дека канализацијата е блокирана од кондоми, пелени и гумени ракавици од секс-шопот.
Побарувањето за оштета од Секси бутик е во износ од 2 милиони долари, кои главно треба да покријат поплава на комплетно уреден подрум, од патоси и ѕидови до мебел.
Во тужбата се наведува дека дополнителна проверка од декември минатата година покажала дека застојот во мрежата е предизвикан од секс-шопот.
Според судски документи работата на естаблишментот нема да биде прекината, но тоалетите нема да смеат да се користат во скора иднина.