Моментално премијата на Пауербол лотаријата е над 365 милиони долари, а наспроти една поразувачка математика според која шансите да ти се падне оваа премија е 1 спрема 292 милиони, стои логиката - па на некого мора да му се падне.
(До пред само неколку дена и Пауербол и Мега милионс имаа премии од над 300 милиони долари. Една весела математика покажува дека шансите да ги фатиш двете премии изнесуваа 1 спрема 75.648.252.765.957.300, во проценти 0,000000000000000013% или во пример имаш 6.000 пати помали шанси да ги освоиш двете премиии во исто време отколку да те погоди метеор додека те јаде ајкула.)
Иако тебе ти дава некој грејс период на блаженство кој трае од уплаќањето на ливчето до извлекувањето, на ниво на општество лотаријата се повеќе се смета за штетна појава.
"Лотариите во основа таргетираат и поттикнуваат поединци со ниски примања да влезат во кругот кој директно ги спречува да го подобрат нивниот финансиски статус и влијае на нивната желба да излезат од сиромаштија," објаснува Николас Колас.
Колас објаснува дека просечниот возрасен Американец троши 251 долар месечно на лотарија. Просекот на добивка е 53 центи на секој потрошен долари, што значи дека просечен играч годишно фрла 118 долари на неуспешни лото ливчиња. Во овие просеци треба да се знае и тоа дека луѓето со ниски примања трошат далеку поголем дел од својот годишен доход отколку оние со високи примања.
Ако се земе предвид дека лотариите се управувани од властите на сојузните држави и се еден од механизмите за полнење на нивниот буџет, ова значи дека во пракса помалку сиромашните плаќаат повеќе данок (доброволно). (Во просек 11% од вкупните приходи на државите што организираат лотарија доаѓаат од наградните игри.)
Овие 251 долари потрошени на лотарија годишно на ниво на САД, сериозно варираат по сојузни држави. Па во Масачусетс годишниот просек изнесува 634 долари, додека во Делавер тоа е 504 долари по човек. Наспроти нив е Северна Дакота каде потрошувачката е 34 долари.
Тогаш зошто некој би го давал пари за ова?
"Одговорот е доволно очигледен и важи за секој што игра. За еден долар (сега 2 за Пауербол) имаме евтина можност да сонуваме за тоа што би се случило ако одеднаш освоиме милиони долари," пишува Колас.