Мислења

Новиот Бог- климатските промени

Короната веќе не е ин, сега најдоа нова религија. Климатските промени. Нешто толку тривијално и јасно за секое дете. Климата се менува откако постои Земјата. Но сега ние ќе испаднеме паметни ако секој ден нагласуваме дека климата се менува. Имате бонус поени ако „негаторите“ ги обвините дека ги загрозуваат вашите деца или ја повикате владата да забрани туширање или возење кола.

На Америка и треба делумна мобилизација

Од 1775 Америка користи комбинација од волонтери и регрути за пополнување на воените потреби на земјата, посебно во време на криза. Денес на САД му требаат 160.000 нови војници, но бројот на волонтери не е ни приближен, пишува за Милитари пензионираниот потполковник и советник на раководството на американските маринци, Џо Плензлер.

Касетната лицемерност на нео-либералите

Наводите за употреба на касетна муниција на фроното во Украина редовно беа жестоко критикувани и осудувани од Вашингтон, при што тоа се наведуваше како убедлив пример за нечовечноста на непријателот. Сè додека Бајден не реши со иста таква муниција да ја снабди Украина. Принципите лесно се топат кога на теренот не оди добро.

За Украина НАТО секогаш значел беља

По распаѓањето на Советскиот сојуз, НАТО постојано флертуваше со идејата дека ќе ја прави Украина своја членка. После последниот самит во Вилнус, Зеленски тешко дека може да се прави изненаден што Алијансата со една рака му даде покана а со другата ја повлече. Алијансата така ѝ прави на Украина едно 30 години.

Лажеа за Авганистан. Лажеа за Ирак. Сега лажат за Украина.

Нели руската војска требаше да пропадне пред неколку месеци? Нели Путин ќе беше срушен? Нели рубљата беше втурната во смртна спирала? Нели отцепувањето на рускиот банкарски систем од SWIFT требаше да ја осакати руската економија? Како тоа сега стапките на инфлација во Европа и САД се повисоки отколку во Русија?

Пригожин го ослабе Путин и си направи беља за цел живот

Без разлика кои беа вистинските намери на водачот на Вагнер, Владимир Путин не вади туку-така тенкови во Москва и не одржува вонредни обраќања до нацијата. Нејасно е зошто Пригожин тргна, уште понејасно зошто запре и се сврти назад. Но, тој тргна против рускиот врв во време на војна. Би било наивно да му се предвиди долг и просперитетен живот.  

Зошто Асанж мора да биде ослободен

Да му се правеше ова на Андреј Сахаров или на Нелсон Мандела, секоја организација за човекови права во светов ќе го осудеше тоа со праведнички гнев. Секое НВО ќе се редеше да даде поддршка. Секој новинар ќе пишуваше едиторијали. Вака - штама. Ако тој биде екстрадиран и осуден, за следниот таков случај ќе бидат потребни само 10-тина минути.

Проблемот со навивањето за Пригожин

Бунтот на лидерот на Вагнер против руската војска беше шок за голем дел од светот, но не и изненадување. Пригожин долго време го сметаат за насилен и неконтролиран играч во конфликтот на Путин со Украина.

Длабочината на дното

Судејќи по твитер-профилот на Урсула фон дер Лајен, нејзината „длабока растаженост“ за стотиците удавени во Егејското море траела цели 23 минути. Европската Унија е во целосен морален банкрот. Во ваква ЕУ, Виктор Орбан би бил посоодветен шеф на Европската комисија – тој барем не се фолира.

Бидете подготвени украинската контраофанзива да издише

Украина е малку веројатно да постигне рапидни и одлучни победи. Она што НАТО треба да го направи е да ја заштити Украина од тоа на Франција и Германија да не почнат да им се тресат колена, пишува Ричард Кемп во текстот за Телеграф.

Контраофанзивата што пропаѓа и мирот кој можеше да го има

Кога Зеленски го послуша Борис Џонсон да не преговара со Путин, тоа се фалеше како паметен потег. Ретроспективно, катастрофален. „Ако верувате дека ситуацијата е онаква каква што ја пренесуваат меинстрим медиумите, памтите како нè убедуваа дека победуваме во Авганистан?“, потсетува Дејвид Сакс од Крафт Венчрс, своевремено оригиналниот оперативен директор на Пејпал. 

Доналд Трамп и убиството во Ориент експрес

Агата Кристи ќе ви разјасни зошто Доналд Трамп ќе биде првиот обвинет претседател во историјата на американската политика. Затоа што неговите гревови се помали и ги правеше сам. Судење на вистинските, габаритни криминали на американските претседатели би значело вклучување на пошироки кругови од системот. А тоа е незгодно и затоа нема да се случи.

Култот на родова идеологија конечно се распаѓа

Жена која нема никаква професионална основа, на страна искуството што го има со своето дете, добива несразмерно големо влијание во една од клучните британски институции за родов идентитет кај децата, клиниката Тависток. Сега кога веќе нема пристап таму, станува јасно дека никогаш не требала ни да припари.

Каде греши Аткинсон за електричните возила?

Пред некој ден пренесовме текст на комичарот Роуан Аткисон во Гардијан во кој призна дека иако меѓу првите ги прифатил електричните возила, денес се чувствува малку прелажан со таа приказна. И на оние што се думаат дали да ја заменат старата кола со електрична, им порачува да не брзаат. Сега еколозите го факт-чекираат.

Јак старт на Такер Карлсон

По неколкумесечна пауза откако беше испуштен од Фокс, најгледаниот американски плејмејкер на вести се враќа, и тоа на Твитер. Првата негова епизода, во првите седум часа имаше публика од 40 милиони луѓе. За контекст: CNN во прајм тајм денес има нешто околу 330.000 гледачи, знаеле да паднат и на 100К.

За кого всушност е тоа Прајдот?

Оние кои забележуваат дека Парадата на гордоста има станато пародија на самата себе, се обвинуваат за „трансфобија“ и „омраза“, блесав но ефикасен метод за избегнување критики. За сите овие смарачи, важно е да се идентификува каде тоа застрани Прајд, пишува Ендрју Дојл во Спектатор. Инаку, геј е човекот.

Француски исповеди: Американците се предатори

Неверојатен, а можеби и без преседан отворен и искрен одговор на поранешен француски министер за економија за тоа какви сè методи користат САД за одржување на својата светска доминација, вклучително и кон сојузниците. „Но и ние сме виновни, бидејќи имаме заборавено дека слободата секогаш има цена,“ вели Арно Монтебур.

Паралели меѓу транс-движењето и јаничарите

За разлика од нас, на Американци (кои не играле Age of Empires) не им е баш најпознат поимот јаничари, па магазинот Револвер за својата публика нуди неколку паралели меѓу нив и денешните транс-активисти: во поглед на нивното регрутирање, фанатичната лојалност, гениталното осакатување, социјалната промоција и желбата за статус во Империјата. Ашколсун.

Роуан Аткинсон: Сакам електрични коли, ама, малку ко да сум измамен

„За жал, задржувањето на старата кола се чини подобра опција од купувањето електрична. Постојат и битни еколошки причини да не се брза со промената“, пишува во Гардијан актерот изненадувајќи нè и со неговото образование: има завршено електро факултет и магистрирано на контролни системи.

Култот на климатската апокалипса

Религиозната реторика и апокалиптичните визии се чувствуваат како дома во радикалниот еко-активизам. Библиската апокалипса е одмазда за грешниот свет, таква е и зелената апокалипса, само што, за разлика од првата, нема да изгорат само грешните туку топтан сите. Еко-радикалите не следат никаква наука, тие промовираат библиски фантазии.

Линдзи Грем е болен психопат

Во отворена програма со слушатели, го прашуваат Скот Ритер што мисли за неодамнешната изјава на американскиот сенатор Линдзи Грем (Види: Проговори некрофилот Линдзи) дека најдобра американска инвестиција е што ѝ давале пари на Украина за да убиваат Руси. Дали е тоа нормално?

Долгиот одговор на Ердоган на обидот за воен удар

Веројатно некаде во Вашингтон се води евиденција колку семинари за демократска контрола на војската се одржани во светот. Нема држава што во вечерната школа на демократијата не ги минала предавањата за парламентарните механизми за надзор на војската, полицијата и тајните служби, исклучувајќи ги од тоа јавните странски служби бидејќи тие се таму како гарант на демократијата.

Најважното видео што ќе го видите оваа година

Со овие зборови Ким Дотком сподели едно излагање на Самитот за ковид организиран од страна на  Европскиот парламент од кое се порача: „Ковид-19 беше акт на биолошка војна извршена врз човечката раса. Тоа беше финансиски грабеж. Природата беше киднапирана. Науката беше киднапирана“.

Џефри Сакс: Војната во Украина беше испровоцирана и тоа e битно за да се дојде до мир

„Кога ќе признаеме дека во центарот војната во Украина е проширувањето на НАТО, ќе ни стане јасно дека американското оружје нема да ја заврши таа војна. Тоа може да се постигне само со дипломатски напори“, вели професорот од Колумбија и советник на тројца генерални секретари на ОН, меѓу кои и на актуелниот, Антонио Гутереш.