Мислења

Зошто Тајм ја избра Меркел

Најмоќниот лидер на Европа е бегалец од време и место каде нејзината моќ би била незамислива. Германската демократска република, каде израсна Ангела Меркел, не беше ниту демократска ниту република; беше Орвелијански хорор, каде Железната завеса доби буквален призор во форма на Берлинскиот ѕид.

Зошто ќе гласам за Доналд Трамп

Одговорот е од една онлајн дискусија на прашањето до луѓето што го поддржуваат Доналд Трамп за претседател (кои веќе станаа сериозна бројка на сите анкети): кои се вашите главни причини што го поддржувате и околу што се сложувате со него?

Фанатизам 2.0

Приказната за краткото време кое и е потребно на студентката по германски јазик да заврши во брак со фанатик наликува на бројните други приказни за оние кои зачудувачки брзо се трансформирале во следбеници на ИСИС.

Ставете крај на епидемијата на оружје во Америка

Претставува морален скандал и национален срам тоа што цивили можат легално да купат оружје создадено да може да убива луѓе со брутална брзина и ефикасност.

Вонредната состојба како нормала

Леснотијата со која ја прифаќаме колективизацијата на "кривицата" на економските мигранти е сигурен знак за кршливоста на либералните темели на денешна Европа.

Сирискиот јазол

Веќе четири години во Сирија се одвива крвава војна. Она што започна како демократско востание против диктатурата на Башар ал-Асад се претвори во кошница на конфликти, делумно отсликувајќи ја и бруталната борба за регионална доминација меѓу Турција, Иран и Саудиска Арабија. А сега Русија, преку воена интервенција во име на Асад, се обидува да го засили својот статус како глобална сила во однос на Западот.

Зборот што ќе те збогати

Ако не ви се чита понатаму, тогаш зборот е "НЕ". Наше е да ви кажеме дека Вол Стрит инвеститор Џејмс Алтучер има премногу добро образложение зад својот одговор за да останете само на НЕ.

Што е проблемот со фондацијата на Гејтс и Бафет

Во 2010-та кога Бил Гејтс и Ворен Бафет ја објавуваат 'Giving Pledge' иницијативата за раздавање на своето богатство, германскиот милионер Питер Крамер, излезе во Шпигел за да објасни зошто не се приклучил на идејата на двајцата милијардери.

Моленбек и градоначалникот што ги одомаќини џихадистите

Францускиот новинар Ерик Земур по нападите во Париз порачува "наместо да ја бомбардира Рака, Франција треба да го бомбардира Моленбек." Населбата која го достигна врвот на својата неславност по нападите во Париз, веќе со години локално се води како "фабрика за терористи."

Сирија, шупачка анализа

Луѓето треба да ја сфатат ситуацијата. Шупците на власт во Турција подржуват некои шупци во Сирија. Шупците на власт во Русија поддржуват други шупци во Сирија. Запад не може да најде кому да помогне во Сирија а да не е шупак, освен можеби Курдите. Ама па САД не сакаат да ги подржат Курдите премногу бидејќи тоа ќе ги изнервира шупците на власт во Турција.

Писмо од Рака

Сведоштво од прва рака за тоа како е да се живее во градот кој го контролира ИСИС. На моменти тоа личи на животот во Србија бомбардирана од НАТО: земјата ти ја држат бандити ама овие што од воздух демек те ослободуваат, рокаат бомби врз тебе. Цивилна забелешка: Знаете за што бруталниот и немилосрден режим на ИСИС особено строго казнува? За пушење цигари. Ако, ако... 

Саудиска Арабија, ИСИС што успеа

Црн Даеш, бел Даеш. Првиот обезглавува, убива, каменува, отсекува раце, го уништува заедничкото наследство на човештвото и ја презира археологијата, жените и не муслиманите. Вториот е подобро облечен и уреден, ама ги прави истите работи. ИСИС; Саудиска Арабија. Во борбата против тероризмот, Западот е во војна со едниот, а се ракува со другиот.

Париз, од трагедија до оправдание за секоја агенда

Убијците од Париз ниту беа Сиријци, ниту користеа енкрипција, двете работи за кои американската влада ги користи нападите од Париз како алиби за да ги забрани.

Европа мора да престане да увезува имами од Саудиска Арабија

Едно од оние задолжителни четива за исламизмот, неговите корени и начинот на кој метастазира во Европа. Особено сега, кога станува јасно дека смртоносните фанатици не се луѓе растени во пештери па ако им се даде Ајфон, Плејстејшн или некое фино порно, допрва ќе станат од наша.

Спасителите од предградието

Бројот на мртви во Париз е далеку помал од тоа што можеше да биде: за разлика од сите можни медиумски податоци за војниците на Исламската држава, за Зухеир и Сафер, вратарот кој откри бомбаш самоубиец и келнерот кој спаси две ранети Французинки, не се зборуваше многу.

Ова нема да го прочитате во медиумите...

Прво со заинтересираност а потоа и со фрустрација гледав како твитерџија по твитерџија тврдат како медиумите не ги покриваат работите што се случуваат во светот кои всушност навистина, навистина ги покриваат.

Писмо на Оскар де ла Хоја до Флојд Мејведер

Драг Флојд:
Успеа. Успеа да стигнеш до бројката 49-0, достигнување за кое сакаш да кажеш дека му успеало само на големиот Роки Марчано, меѓутоа, го постигнале и други, вклучувајќи го и мојот идол Хулио Цезар Чавез - ама кој да брои? И сега се пензионираш. Пак. Овој пат велиш дека е вистински. Дека сериозно ќе ги закачиш ракавиците на ѕид. Па, ти пишувам денес за да ти посакам сè најдобро.

Обновување на системот за азил

Европската Унија треба да ја прифати одговорноста за немањето заедничка политика за азил, заради што годинешниов зголемен прилив на бегалци од проблем кој може да се регулира, се претвори во уште една политичка криза.

Грди жени

Ништо пострашно од надркана убавица без смисла за хумор, тупава и суетна преку секоја разумна мерка; впрочем, полни се филмовите со такви, знаете на што мислам. Ништо потажно од убава, но несигурна жена која се брани така што не затвора уста и меле без престан, наместо да го пушти паметот во погон, а има памет, туку не знае што да прави со него. Таканаречените "грди" жени брзо сфаќаат каде се јаки па го пуштаат и паметот и духот во погон; резултатите умеат да бидат спектакуларни.

Гласање вс. образование

Важноста на образованието за економскиот развој на одредена земја е огромна. Емпириските студии докажале дека безбројно многу пати позитивната корелација со високото образование со просечниот приход по глава на жител. На пример, процентот на високообразовна сила во Европа за период од 40 години пораснал од 10 отсто на 40 отсто, додека пак во исто време се удвоил приходот по глава на жител.

Обама игра шах, Путин игра покер

Додека на рускиот лидер му недостасува каква било стратегија, неговиот американски колега е краток на нерви. Тие играат две сосема различни игри и следат различни правила.

Европа, континентот каде што силата е поважна од законот

Ако секој жител на Британија седне и напише што не му се допаѓа кај ЕУ, и сите овие разнолики одговори се внесат во база на податоци и се обработат, ќе се појави вистинскиот проблем со Европа - нејзината моќ и недостатокот на демократска контрола над нејзе, пишува Пол Мејсон, уредникот на британскиот Канал 4 во колумната за Гардијан.

Дали санкциите ќе ја спасат Русија?

За комплетен успех на санкциите клучно е земјата што е под санкции да биде сиромашна со ресурси, технологија и образована работна сила, во спротивно, целиот план може да има контра-ефект. Ова е заедничко тврдење на професор од Универзитетот Саутемптон и професор од Ломоносов.

Слаби држави, сиромашни земји

Во Шкотска бев воспитан да мислам дека полицајците ни се сојузници и дека треба да побараш помош од нив ако ти треба. Замислиме кога на 19 години прв пат отидов во САД, и кога бев пречекан со тирада навреди од полицаецот кој го управуваше сообраќајот на Тајмс Сквер кога го прашав каде е најблиската пошта. Во последователната конфузија, итните документи на мојот работодавец ги ставив во канта за отпадоци, која многу наликуваше на поштенско сандаче.