Сакавме да покажеме големина; наместо тоа, проблеми со инфраструктурата ги измачуваат игрите уште од поставувањето на првата цигла. Исто така, сто милиони долари подоцна, спортистите го напуштаат Олимпиското село заради расипани тоалети и соголени жици од струја.
Сакавме да докажеме дека нашата економија е доволно силна. Сега се соочуваме со најлошата рецесија во изминатите децении и се поголема инфлација, но и повремени моменти на размислување дали парите не би било подобро да се потрошат на нешто друго.
Сакавме да го надминеме стереотипот дека Бразил не е безбеден за бројните туристи кои ќе дојдат во Рио за Игрите. Безбедносните структури на Рио се пред распаѓање, а полицијата со месеци нема добиено плата, заради неодамна прогласената финансиска катастрофа по која и најосновната инфраструктура во државата е пред распаѓање. Исто така го имаш и Зика, чудна и опасна болест која немаме начин како да ја контролираме или лечиме, и тоа само дополнително ги плаши спортистите и туристите.
Ова беше гордоста на Лула, па така, сега е, и неговиот срам. Луѓето со кои тој некогаш владееше сега се чувствуваат како да биле излажани да веруваат дека нивната земја конечно се извадила од дупката со корупција, економска стагнација и неуспешни демократски институции. Со отстранувањето на Дилма Русеф од претседателската позиција, и хаосот кој ќе настапи по завршувањето на Игрите и враќањето на процесот на импичмент во центарот на вниманието, тешко е за кого било во Бразил да биде возбуден околу игрите.
Игрите моментално воопшто не се важни.
Меѓутоа губењето на она што тие можеа да значат - е многу важно.
На 5-ти август, светот ќе се сврти кон Бразил. Ќе ја ставиме насмевката и ќе направиме сè она што Лула му вети на МОК дека ќе го направиме: ќе бидеме пасионирани и креативни, и над сè, среќни, и ќе ги пречекаме спортистите и туристите и на светот ќе му ги дадеме најдобрите можни Игри што сме можеле да ги организираме. Меѓутоа во нивните глави, додека ги гледаат гимнастичарите и пливачите, Бразилците ќе се мислат како ќе ги платат сметките следниот месец. Додека се фотографираат со туристите и им покажуваат како да играат самба, моите сограѓани ќе размислуваат за тоа како ќе изгледа нашата земја кога прославата ќе заврши, а реалниот живот ќе се врати.
Дали игрите ќе бидат тотален неуспех? Веројатно не. Меѓутоа тие веќе беа голем срам, и тие никогаш нема да бидат она што ние се надевавме дека ќе бидат, и што можеа да бидат ако нашите лидери го земеа предвид она што јас и милиони Бразилци сакавме ним да им текнеше: дека треба многу повеќе од убави плажи за да се организира настан со големина на Олимписки игри, и да му докажеме на светот дека се спремни за сè што тој носи со себе.
И не, моменталните проблеми не се чисто кривица на Лула. Колапсот на бразилската демократија и економија не можат да бидат припишани на еден единствен човек. Можеби тој беше наивен, и навистина веруваше дека мрачните денови на Бразил се зад нас, дека сè е во ред и дека земјата е на сигурна патека да стане еден од големите играчи. Меѓутоа јас не можам да престанам да се прашувам дали денешната околина ќе беше толку хаотична ако тој не претераше со величање на тој малку прогрес и беше повнимателен околу тоа со што можеме а со што не можеме да се справиме.