Пред недоразбирањето да го припишеме на ужасите на локалниот национализам која наводно спонтано ја имаше зафатено масата, треба да се посвети повеќе внимание на начинот на кој во Хрватска и Србија се обележа неделната 160-годишнина од раѓањето на Никола Тесла.
Секако најпомпезната прослава годинава беше одржана во Белград, каде церемонијата со воен оркестар и звуците на српските маршеви од Првата светска војна ја предводеше српскиот претседател Томислав Николиќ. Во надреалниот настап, Николиќ, помеѓу другото, Тесла го нарече „најголем гениј кого исхранила српска мајка, и како Богородица му го подарила на човештвото", а тоа повикување на апотеоза во изразито етнички клуч го поткрепи и со тврдењето дека Тесла „никогаш нема да се одрекне (...) од православниот дрвен крст од татковите гради и од стихот во десетерец со којшто мајка му го воспитувала". Само дипломатската куртоазност кон американскиот претседател кој учествуваше во церемонијата го присили Николиќ да призне дека Тесла "е роден како Србин, а умира како Американец," инаку бил и "граѓанин на светот".
Етничко черечење
Единствената држава чиј граѓанин Тесла никако не можел да биде и чие име не е ни спомнато (освен имплицитно во прозивките за уништување на неговата родна куќа) секако е Хрватска. Треба да се спомене и дека централното случување на прославата беше откривање на новиот споменик на Тесла (инаку речиси идентичен на оние кои постојат во САД и во Смиљан) сместен пред храмот Св. Сава. Ова симболично приближување кон црквата ја поттикна иницијативата "Оставете го Тесла на мира", која инаку се бори против преместување на неговата урна во Храмот, да организира протест, чие одржување меѓутоа беше спречено од полицијата. Меѓутоа религиската димензија на српските власти остана важна првично заради јасните етнички конотации.
Паралелно, одбележувањето на годишнината на Тесла во родната Хрватска мина значително поскромно. Таму, наместо Црквата и претседателот, главната улога ја одигра Хрватската академија на науки и уметности, уште еден бастион на етнички национализам. Во пригодната изјава, претседателот на ХАНУ, Звонко Кусиќ, заедно со неизбежното реферирање на хрватската татковина на Тесла, стави посебен нагласок на фактот дека во неделата беше 120-годишната од службеното примање на Тесла во Академијата како "американски електротехничар", притоа, секако, пропуштајќи да каже дека академијата во која е примен Тесла се викаше - Југословенска.
Интересно, истиот овој Кусиќ коментирајќи ги хрватско-српските односи во интервју за Јутарњи лист пред три неполни месеци изјави "ние би требало во нашиот национален идентитет, во тоа чувство на победа, да бидеме полежерни." Не толку лежерни, до душа, за да престанеме со инсистирање на еднонационални разграничувања на нашата повеќенационална историја.