Таг: никола тесла

Писмо на Никола Тесла до 12-годишно девојче: природата е eдна огромна мачка

Можеби последното нешто што би го помислиле за генијот и чудак Тесла е дека би сакал животни, па уште и мачки. Во текот на неговите 86 години тој изумил куп електрични апарати и до моментот на својата смрт имал околу 300 патенти на свое име. Но неговата доживотна фасцинација со електричната струја е поврзано со нешто кое до сега не сме го препоставувале.

Тесла: Бог, Србин, научник

Ако деновиве се направи анкета меѓу жителите на Србија и Хрватска со прашање кој нивен сонародник стекнал најголема меѓународна слава, можеме да бидеме сигурни дека Никола Тесла ќе биде во врвот. Исто така можеме да бидеме сигурни дека големо мнозинство од оние што би го избрале Тесла категорички би отфрлиле каква било врска на познатиот научник со соседната земја.

Тесла и Твен денес

Никола Тесла и Марк Твен е двојката која сочинува едно од најчудните пријателства во историјата (стварно биле другари). Едниот саркастичен сатиричар, другиот луд научник, двајцата брилијантни на сопствен начин. Марк Твен пишува за изумите на Тесла, а овој пак во неколку експерименти го користи Твен како "жртвено јагне." Сето тоа некогаш. Kако би излгедале двајцата ликови кога би се појавиле во 2012-та.

Магнетната индукција на национализмот

Дел од текстот на Саша Илиќ за трендот на ексхумација и повторно закопување на српските великани „по законите божји". Сега на ред е пепелта на Никола Тесла.

Николае Тесла

Затоа што Србите и Хрватите само што решија чиј е Тесла, сега и Романците почнаа да го присвојуваат човекот.