"Никола (Николае) Тесла е познат романски научник, роден 1856-та во околината на Лика, во селото Смиљан. Тоа е подрачје кое комплетно било населено со Истро-Романци," пишува во книгата "Вонземскиот Романец," објавена во 2005-та.
Авторот на книгата, Валентин Ваздоага, доаѓа до заклучокот за потеклото на Тесла по основа на тоа дека неговото презиме не завршува на "иќ," ниту пак има некое значење на српски, а ниту пак денес тоа презиме може да се сретне некаде низ Србија, пишува српска Политика.
Според српската стручна јавност, романските тврдења за потеклото на Тесла не се ништо ново.
"Во голем број романски извори се споменува 'фактот' за истро-романското потекло на Тесла," објаснува директорот на белградскиот музеј Никола Тесла, Владимир Јеленковиќ.