Главната разлика меѓу родители и луѓе што немаат деца

Има нешто што исчезна кога станав мајка, и не можам да го вратам. Сѐ уште понекогаш жалам по тоа, речиси секогаш - иронично - кога сум сама: јас го изгубив времето.

Ова станува поакутно чувство сега кога ќерка ми е речиси 3 години - исто иронично, бидејќи несомнено сега имам повеќе време за себе отколку кога беше 2 месеца. Сега сум во меѓупростор: не размислувам цело време како комплетно независна, на себе посветена жена, ниту пак како мајка. Која сум јас?

Еве две кратки сеќавања:

Недела наутро пред да се роди ќерка ми: Сме седеле до малку подоцна - никогаш премногу затоа што навиките за спиење ни се многу конзистентни - гледајќи серии. Книгите ми се оставени таму кај што паднале на каучот, садовите не ми се измиени. Станата сум во 9 часот, и некое време зјапав во таванот. Го оставам Џош да спие, и земам весник. Не го читам. Седам надвор. Размислувам што ќе јадам, ама дома нема никаква храна. Треба да одам да до продавница, ама ме мрзи да одам. Треба да ставам алишта за перење, ама не сакам. Ќе одиме на некој ручек? Кој знае?

А сега: Сме седеле до малку подоцна - никогаш премногу затоа што навиките за спиење ни се многу конзистентни - гледајќи го документарецот за О Џеј Симпсон, или нешто на што сум свртела. Сме се маткале наоколу пред да ги ставиме чашите во лавабо, внимателно прегледувајќи да не има некаде ножици и пенкала. Ќерка ни се буди, пеејќи преку бебе мониторот, во 5:45 или 6:30. Ја игнорирам до 7 часот, рутински, ама стресот во спалната расте додека двајцата размислуваме кој прв ќе попушти и ќе стане да ја земе? Еден од нас попушта; другиот е благодарен ама исто така буден. Сакаме да се доспиеме, ама сме во внатрешен конфликт бидејќи само два дена во неделата сме сите тројцата заедно.

Ако јас сум таа што станува, трчам до купатило, прскам вода на лицето, ги ставам леќите и се облекувам. Одам кај ќерка ми во соба, и ја пресоблекувам. Одиме до кујната носејќи кукли и играчки, книги, пелени. Толку сме претоварени што оставаме трага секаде каде што сме минале. Знае да биде тивка ама не е способна. Може и да појадуваме. Јас пијам кафе.

Додека таа работи на својата вештина за играње со куклите, почнувам да правам список: ми треба храна, која сега не може да биде избегната бидејќи децата секогаш треба да јадат, и и требаат оброци за во градинка. Нема преговори околу перењето на нејзините алишта. Нејзината торба од петокот уште е на патос; и треба да биде препакувана. Бара да оди во парк. „Океј“, проговорувам, размислувајќи дека на враќање ќе може да одиме до продавница. Веќе е 7 и 45.

Во искушение сум загубата да ја наречам „спонтаност“ - што секако е голем дел од она по што жалам. Најголемиот дел од мајките што ги знам, кога зборуваме за она што ни е најтешко, ќе кажат нешто околу тоа колку има за планирање и колку многу работа има околу организирање на едно излегување со пријателите.

Не е само „тешко е да најдеш бебиситерка“, воопшто не е тоа: многу пообемно е од тоа. Сè треба да биде менаџирано: во колку ќе ја собереш од градинка, колку оброци треба да ѝ оставиш. Следниот ден мора обавезно да биде испланиран - треба сè да знаеш однапред. И секако, бидејќи јас работам, моето време со неа е ограничено. Дали стварно сакам да излезам навечер, кога можам да бидам со неа? Секако дека не. Секако дека да. Се бориме заедно, мајка и дете.

Ова е многу стресно и за родителите како партнери: мојот сопруг и јас со години работиме заедно и јас секогаш сум изненадена од нивото на соработка што е потребно за да ја одржиме нашата ќерка во живот. Не заборавајте: мора во 100% од времето да знаеш каде е. Тоа е така, ќе си речеш „Не заебавај, какво откритие, Лаура“, ама ментално ова е вистинско достигнување! И ова понекогаш навистина го издишува твоето чувство за самата себе. Дури и кога сум сама, моето време не е целосно мое. Јас ментално, постојано, барем делумно, сум некаде на друго место.

Има и позитивна страна! Не сакам да ви звучам како да нема. Јас сум самиот центар на нечиј свет и како таква никогаш не сум вистински сама - ова е преубаво и презагушувачко. Колку е добро и колку е чудно, по 35 години сама на оваа голема планета, да се почувствуваш како гола секој пат кога од домот ќе излезеш само со својата чанта.

И за некое време ова ќе биде готово. Ќе бидам комплетно реасимилирана во самата себе. Таа ќе го заврши процесот на одделување што започна дента кога е родена, а јас ќе се вратам пак да бидам Лаура - мајка со дете, а не бебе. Очекувам дека ова ќе се случи некаде околу нејзиниот 5-ти роденден, ама не сум сигурна. Само знам дека ова не е завршено. Едвај го чека тоа и се плашам дека нема да бидам среќна кога тоа ќе се случи. И двајцата имаме спротивставени чувства.

Се обидувам да ги фатам нејзините сигнали, да ги следам нејзините примери: Ок е да бидеш уплашен од напуштање на своето срце. Океј е со трчање да се вратиш назад за уште еден бакнеж или уште една прегратка. Меѓутоа ок е и да бидеш среќен.

21 септември 2016 - 12:47