Панама документите, вест на векот или евтино новинарство на векот?

Истражувачкото новинарство не е буричкање по компјутерски фајлови, вели германскиот аналитичар Јанс Бергер по повод скандалот со Панамските документи. Тоа е лесно и евтино, ќе бараш имиња по фајловите од кои може да се извади наслов на следната вест.

Што дознавате од Панама документите? Дека африканските, руските, украинските и азиските "елити" се корумпирани? Ова требаше одамна да го знаете, со или без Панама документите. Нормално, никогаш не е лошо кога ќе излезат стории околу машинеријата за затскривање на меѓународниот финансиски систем, предизвикувајќи политичка дебата па макар и на неколку денови. Дека овие дебати нема да имаат политички последици, веќе е станато дел од кореографијата. Следната недела, ќе има некои други "вести на денот", а само еден месец подоцна, никој нема да се сеќава како правилно се пишува Мосак Фонсека. Ова се цврсти ритуали на нашата потрошувачка на внимание кои не можат да се променат. Меѓутоа не фер би било, секако, да се нападнат Панама документите за обидот да ги нарушат овие ритуали.

Ајде да фрлиме еден поинаков поглед на работите: Што би требало со овие податоци да направи новинарство кое добро функционира? Прво човек треба да се потсети себе си што стварно е "истражувачко новинарство". ИЦИЈ, International Consortium of investigative journalists, одговорен за анализирање на Панама документите, изгледа како да го меша истражувачкото новинарство со дата (податоци) новинарство. Второто, нов вид на новинарство, зема една датабаза и ја разгледува, со филтрирање и пребарување термини, за информации кои добро ќе дојдат во насловите. Ова е евтино, и носи рејтинзи и кликови. Проверувањето и откривањето на заднината, контекстите и меѓусебната поврзаност е скапа работа, а медиумските компании треба да ги скратат своите буџети.

11,5 милиони документи од Панама опфаќаат 214.488 офшор компании управувани од околу 14.000 луѓе. Како што стојат работите никој од овие 14.000 луѓе никога нема да заврши на суд за она што го направил. И има добра причина за тоа. Во голем број случаи услугите на Мосак Фонсека не се ни нелегални. Да го разгледаме примерот со еден од нивните попознати клиенти. Салман ал Сауд е апсолутистички крал на Саудиска Арабија. Тој е над законот на Саудиска Арабија, закон кој не се однесува на него. Па затоа тој не ни може да го избегнува плаќање данок. Тогаш која е вредноста на информацијата од весници како Зидојче Цајтунг, кои известуваат дека Салман ал Сауд контролира офшор компанија на Девствените острови? Слично и во другите случаи, вредноста на информацијата е чисто како информација. Причината за ова е што имаме новински извештаи кои ниту еден суд во светот не би ги прифатил како доказ. Се додека податоците од Панама документите не завршат кај националните и меѓународните истражувачи, оваа вест нема да има никакви практични последици.

На крајот, изгледа како вклучените медиумски компании го искористиле својот дел од податоците само за зголемување на рејтинзите и тиражите. Некои клучни прашања остануваат неодговорени: Зошто меѓу "обвинетите" нема некои видливи американски граѓани? Зошто Зидојче Цајтунг и Гардијан така матно го искористија објавувањето на податоците за терање пропаганда против Владимир Путин? Зошто не се објават сирови податоци?

Секој "свиркач" треба да биде советуван стриктно да го избегнува истражувачкиот конзорциум од медиумски компании вклучени во ИЦИЈ. ИЦИЈ и друштвото не завршија некоја посебно добра работа со Офшор ликс, Луксембург ликс и Свис ликс. "Негативците" избегаа. Ако стварно сакаш да имаш влијание и да направиш разлика, објави ги твоите документи кај Викиликс. Само тогаш е можна транспарентна и демократска анализа на документите.

Јенс Бергер


Тука повеќе за судирот меѓу Викиликс и ИЦИЈ

7 април 2016 - 09:53