Белорусија, земјата заборавена од ковид

До сега и вечниот претседател на земјата и неговите противници упорно одбиваат да паничат околу пандемијата.

Белорусија, беспрекорно чистите, посебно неокласичните авении на Минск, се сред масовни протести. Маскирани припадници на безбедносните сили патролираат во необележани комбиња и киднапираат луѓе. Суви 18-годишни армиски регрути, нервозни со калашникови во рацете стојат карши непопустливите и возбудени демонстранти. А бело-црвено-белите знамиња на противниците на Претседателот Лукашенко висат од балконите и се развеани на прозорите на станбените блокови, додека извикот „Вива Белорусија“ може да предизвика ерупција во барови или ресторани.

Ова се клучни и тешки времиња во Белорусија, и многу е важно да не се потцени нивната важност. Меѓутоа, јас како посетител од Западот додека го следам ова постојано имам чувство на олеснетост. Граѓански немири не се без преседан. Состојбата која моментално преовладува на Западот, е!

Белорусија не воведе никакви ковид мерки што се стандардни во западниот политички балон. Нема ни траг од паниката на Западот, започната од растечкиот број на мртви, снимки од болници, експозеа на научници на телевизија и последователното прифаќање од оние кои требаа, а не успеаа, да ги контролираат парламентарните и извршните сили. Белорусија секако дека се наоѓа сред криза, меѓутоа тоа е поинаков вид на криза, криза која своето влијание го врти кон секојдневниот живот, а не кон негово избегнување.

И покрај тоа што противниците на Лукашенко сакаат да стават крај на неговото 30-годишно владеење и арбитрарни одлуки, постои мало но значително чувство дека Лукашенко и опозицијата се имаат разбрано околу ковид, дури и кога тоа не е очигледно изразено. Кога Лукашенко го нарече ковид „уште една психоза„ и прогласи „јас со вас имам минато низ бројни ситуации на психоза, и знаеме кои беа резултатите,“ тој само го искажа расположението во голем број земји од поранешниот Источен блок, посебно во Источна Германија, кои проживеаа повеќе долги периоди на страв создаван од државата.

Мислам дека кај вас тоа го викате „и расипан часовник е точен два пати во денот,“ ми рече еден програмер на околу 20-годишна возраст со кој разговарав. Тоа беше во ситните утрински часови и двајцата бевме малку под влијание. Барот беше во Октјабрскаја областа во Минск, во која има повеќе уметнички простори, барови, ресторани и ноќни клубови, и чат-пат по некоја државна фабрика.

Клубовите се отворени до 7 или 8 часот наутро, а забавите знаат уште подолго да продолжат. Сите сакаат да ти ги покажат своите фотографии, својата музика, својот Инстаграм, но исто така има и недостаток на его или фалење со доблесност. Овие хипстери неприметно ќе преминат од цитирање на статистиките за белоруското производство на млеко, на нивните искуства со задолжителната работа во фабриката за трактори, или што значат историските врски на Белорусија со полско-литванскиот комонвелт за пост-Лукашенко врските со Русија.

И ова не важи само за младите. Семејства и постарите се видливи во кафулињата, рестораните, црквите, продавниците, пазарите и јавниот превоз. Малкумина носат маски, меѓутоа нема ни обврска за тоа, и никој не те загледува ако без маска влезеш во затворено.

Најголемото олеснување е тоталното непостоење на идејата дека близината со други човечки суштества носи со себе смртна опасност. Нема поттргнување на тротоарот, или коментари за социјално дистанцирање, или грижи околу упаѓање во личниот простор во преполниот метро вагон.

Дневниот излет во внатрешноста на земјата завршува во мало кафуле, додека го чекам возот за да се вратам во Минск. Мојот мешан руски јазик одма ме оддава дека дефинитивно не сум локалец. Англичанец во Бабрујст е несекојдневна глетка, ќе каже келнерката, додека додека служи значителни количини вотка и драники палачинки на мене и на четворицата или петмина гости. Минуваат часови без никој да го спомне вирусот. Некако на време се качувам во возот, со „подарок од Белорусија“: УСБ полнач за во автомобил, што еден локалец инсистираше да го земам.

Ниту еден сегмент од белоруското општество не изгледа дека е преокупиран со Ковид. Има некои разлики во мислења околу што точно значи преземање на мерки за заштита, меѓутоа на сите им е јасно дека ова не е чумата, и дека нема потреба ни од приближни реакции од типот што насекаде го гледаме.

Тажен сум што си заминувам. Не сакам да се вратам во земјата на грејачи на брада, произволни затворања на бизниси и смртни случаи од рак кои можат да се избегнат.

На пат кон аеродромот ја минувам британската амбасада и го гледам известувањето закачено на влезот. На него пишува дека амбасадата ќе биде затворена се додека не биде објавено поинаку, а целиот персонал ќе работи од дома. Тие се обидуваат да направат свој сопствен приватен карантин. Ова ме потсетува на оние севернокорејски казнени логори на Сибир кои со себе ја носеа и целосната пропаганда од својата татковина. Сведоштво за бесцелноста и лудилото на целата работа.

Даниел Хардакер,
Спајкд

16 ноември 2020 - 12:14