ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРИКАЗНИ ЗА ЃАВОЛОТ’’ – ОД НАШИОТ АКАДЕМИК МИТКО МАЏУНКОВ, ЕКСКЛУЗИВНО НА ШТАНДОТ НА АРС СТУДИО

Повторно штандот на АРС СТУДИО со богат избор на книги за сите читатели и љубители на книгата. Најновите бестселери од видни автори кои ви нудат целосно задовоство ќе ги најдете на едно место.

Вчерашниот ден беше одбележан со промоцијата на книгата „Приказни за ѓаволот” на еден од нашите најдобри раскажувачи и драмски автори, академик Митко Маџунков, добитник на повеќе награди и признанија. Промоцијата беше одржана во Промотивниот центар на саемот во хала 2.

Сите присутни имаа можност да размислат за парадоксите на животот. Секоја купена книга „Приказни за ѓаволот” на денот на промоцијата, беше потпишана лично од академик Митко Маџунков.

АРС СТУДИО продолжува со програмата за посетителите на саемот и за сите оние што сакаат да уживаат во добра книга. Денес 6.4.2017, сите се поканети да видат како најновиот американски претседател Доналд Џ. Трамп сака да ја направи Америка повторно величествена, напишано во неговата книга „Повторно величествена”. Промоцијата започнува во 14 часот во Промотивниот центар на саемот во хала 2.

Сите оние што ги интересира како да го надвладеат стресот и да се справат со него ги покануваме во 17 часот да присуствуваат на панел-дискусија со нашиот гостин доц. д-р Мирослав Пендароски на тема „Стресот и справување со стресот во современиот живот”.

Додека во петок во 14 часот повелете на панел-дискусијата на тема „Младите и кариерата – теорија и практика” и на промоцијата на нови наслови од областа на човечките ресурси.

(комерцијален текст)

6 април 2017 - 14:06