Фејсбук не ги читал пораките, туку ги собирал мета-податоците од нив, односно од кој контакт се пратени, во колку часот, кога е одговорено и слично. Истите податоци се собирани и од телефонските разговори, со тоа што таму се запишува и метрика статус (дали е одговорен или пропуштен повикот) и траење на разговор.
Од Фејсбук се чудат што е толку чудно околу тоа, бидејќи пракса е „веднаш штом се логираш на апликацијата на твојот мобилен, да се почне со аплоудирање на твоите контакти.“ Сето ова не е од воајерски побуди на Фејсбук, туку затоа што даваат се од себе подобро да можат да те поврзат со твоите пријатели. Фејсбук нагласува дека на ова претходи барање дозвола од тебе за аплоудирање на твоите контактите, и второ, ако сакаш можеш преку браусер да ги избришеш сите податоци за твоите контакти од твојот профил.
Вината за ова колку што паѓа на Фејсбук, толку е и на Андроид, бидејќи ова успева само заради лошиот систем на пермисии што го има оперативниот систем. Заради начинот на кој Андроид дава пермисии, Фејсубк може да ги собира овие податоци и врз основа на пермисија добиена на многу постарите верзии на Андроид. Корисниците на Ајфон и Иос не се опфатени со овој проблем.
Иако Фејсбук тврди дека изричито бара дозвола за собирање на овие податоци, авторот од Арс техника, Шон Галагер, и уште неколку случаи, објаснуваат дека од нив никогаш не било побарана таква дозвола, а сепак во пакетот сопствени податоци што Фејсбук ги има собрано за нив, наишле на листинзи за СМС пораки.
Токму собирањето мета-податоци за СМС пораки и телефонски разговори беше дел од масовните мерки на НСА за прислушкување што пред неколку години беа обелоденети.
За проверка што сè му имате оставено на Фејсбук, клик тука
Ако сакате да ги симнете сите податоци што Фејсбук ги има за вас ѕиренете ја сликата: