Бизнис

Како може Лидл сред Америка да е поевтин од Волмарт

На 15-ти јуни Лидл ги отвори своите први маркети во САД. Независната анализа на потрошувачка кошничка со 20 продукти покажа дека Лидл е 9% поевтин од Волмарт, најголемиот ланец супермаркети во земјата. Компанијата тврди дека на одредени производи има и до 50% поевтини цени од конкуренцијата.

Проблемот со Америка е што богатите имаат премногу пари

86-годишен сопственик на 75,6 милијарди долари, деновиве изјави дека иако во САД има изобилие пари, преовладувачки масовен дел од тие пари се во рацете на мал број богаташи, што е причина зошто голем број луѓе едвај преживуваат.

Време е да се растури Амазон

Во петокот кога Џеф Безос удри есап му излезе дека Хол фудс го добил бесплатно. Само што даде 13,7 милијарди долари за 6-от по големина синџир супер-маркети во САД, акциите на Амазон пораснаа за 14 милијарди долари. А и пред ова математиката не му беше лоша, Амазон генерира 30% од вкупниот раст на малопродажбата во САД (он + офф лајн), и контролира 40% од интернет клауд сервисите.

Амазон станува невиден монопол

Во петок сабајле Амазон објавува дека го купува ланецот гранапи за здрава храна Whole Foods за 13,7 милијарди долари. Еден час подоцна, акциите на Амазон скокаат за 3% што на компанијата ѝ додава 14 милијарди долари. Практично, се купува за беспари. Каде води таа моќ?

Дали би платил 50 долари за кесичка зелена салата од 450 грама?

Цената е од зелен пазар на Менхетен, и споредувано по грамажа марулата излегува поскапа од најквалитетното вагју (кобе) говедско.

Облеката е само трошок за луксузните брендови

Моментално ниту едно парче облека не е ни приближно финансиски исплатливо за Гучи, Прада, Витон и слични демонстрации на богатство, како што се парфеми, ташни, чевли и додатоци.

Платите на директорите 2016

Екуилар е компанија која 11 година по ред за Њујорк тајмс прави рангирање на највисоките плати на американските ЦЕО-а. Во рангирањето освен пари што легнуваат на трансакциска секој први, влегуваат и бонус, акции, привилегии и слично.

Епл моментално вреди 40% повеќе од градот Чикаго

Добрата вест за Чикаго е дека не е градот нешто посебно безвреден, бидејќи во споредбата само Њујорк и Лос Анџелес се нашле пред Епл.

Што потпишаа Трамп и Саудијците за (околу) 400 милијарди долари

Освен што се клатеа и играа, Трамп и Саудијците тераа бизнис како првиов никогаш да не рекол дека саудиските принцови контролираат американски политичари со пари од татко им.

Дали би го оставил Трамп да ти биде директор на фирма?

Наместо да се гледа како на политичар, на Трамп треба да се гледа како на бизнисмен, а на неговите постапки (околу Флин, Русите, ФБИ) како на ЦЕО кој се обидува да ги скрие срамните откритија за својата компанија.

Најбогатите 500 луѓе изгубија 35 милијарди долари од драмите околу Трамп

Во падот на американските берзи што следуваше по најновите политички вознемирувања околу Трамп, Русите и што има они да бидат толку блиски, се проценува дека топ 500-те милијардери во светот имаат изгубено 35 милијарди долари. Најлошо минува Зукерберг, со минус од 2 милијарди долари.

Капиталистите го уништуваат капитализмот а еврото не може вака

Водечки европски економист предупредува дека еврото е оставено на цедило. Националните влади се лишени од одговорност а европска влада не постои. Враќање на националните валути не е предвидено и никој не знае како тоа би завршило. Најверојатно со распаѓање на ЕУ.

Амазон, две децении и милијарди долари подоцна

По 20 години на берза, математиката на Амазон е следна: ако во 1997 на излегување на Амазон на берзата си купил нивни акции за 1.000 долари, денес истите ќе ти вредат 638.000 долари.

Кина на кафани има потрошено годишен БДП на Шведска

Не дека Швеѓаните нешто се кабаетлии и станале мрзливи последниве години, туку Кинезиве се 1,37 милијарди луѓе.

Како тутунските компании се толку профитабилни ако луѓето сè помалку пушат?

Во последните 15 години продажбата на цигари паѓа за 37% додека тутунските компании имаат раст на приходите од цигари за околу 32%, и во 2016 тие достигнуваат 93,4 милијарди долари.

Американските компании чуваат 2400 милијарди долари вон САД

По големина на купчето готовина Епл без конкуренција е на прво место, по сумата пари што се чуваат вон дофат на властите САД имаа друг шампион.

Мекдоналдс, компанијата за недвижности вредна 30 милијарди долари

Само во Соединетите држави има 14.150 Мекдоналдс ресторани. За околу 85% од овие недвижности Мекдоналдс наплаќа кирија (и останати трошоци за лиценцирање) од компаниите што ги работат.

Како Елон Маск ја здроби автоиндустријата, и зошто тој може да е следната жртва

Во 2011 веќе се изминати неколку години откако американската влада прсна милијарди долари за спасување на авто-индустријата, уште никој нема чуено за Убер, а директорите на Форд го сметаат Ајфонот за најголема опасност за својот бизнис.

Германците чуваат милијарди во дојч-марки

Блумберг неодамна пресметал дека во земјите на еврозоната има над 15 милијарди евра во стари валути, кои се уште не се заменети за новите пари. Нешто помалку од пола од овие се во Германија.

Капитализам со суперхиковски лик

Знаете како функционираше робинхудовскиот принцип кај ликот од Алан Форд: кради од сиромашните и давај на богатите. Е, па, капитализам.

Русија, САД, Агрокор и гео-стратегија

Моментално најголемите доверители на Агрокор му нудат на досегашниот сопственик на најголемата балканска компанија 20% од сопствеништвото. Излезе дека Тодориќ заглави на Меркатор, кој го купи со кредити од руските Сбербанк и ВТБ банка. Само на Сбербанк, Агрокор ден и должи околу 1,3 милијарди евра.

"Дневниот промет" на милијардерите

Блумберг изработи листа на топ 500 милијардери во светот која се разликува од сите останатите листи на темава по тоа што дневно ги евидентира промените во нивното богатство.

Брегзит гледа, ќар вади

Додека ЕУ и Британија ги копаат бирократските ровови за претстојната битка, Луксембург се зафати со средување и унапредување на својот финансиски систем и технологија.

Буџет, буџет, убер алес

Додека земји од обединетиот дел од Европа не можат да се добројат колку пари им фалат во буџетот, Германија годината ја заврши со вишок во буџетот од 23,7 милијарди евра. Само во јули Грција од буџет треба да врати долг од околу 8 милијарди евра.