Во пакетот Дизни го купува и уделот на Фокс во Хулу стриминг сервисот, со што добива контролен пакет во еден од главните конкуренти на Нетфликс. (Нетфликс и Дизни ја спукаа пред некое време откако Дизни одлучи дека сам ќе прави свој видео стриминг сервис и ги повлече содржините.)
Со ова во филмскиот каталог на Дизни влегува и оригиналната трилогија од Ѕвездени војни, Аватар, Симпсонови, Икс-мен и останатата продукција на Фокс и 20th Century.
Од купувањето се исклучени телевизиските канали на Фокс и мрежата регионални телевизии во САД, кои сега ќе влезат во компанија наречена Њу Фокс.
Освен ова Фокс ги продава и кабелските канали Ефикс и Нешнл Џиографик, како и медиумската компанија Стар Индија.
Со договорот се става крај на над 50-годишното медиумско ширење на Руперт Мердок. 86-годишниот Мердок на 21-година (1952) наследува еден австралиски весник од својот татко, од каде почнува да ја гради најголемата новинска и филмска империја во светот. Одлуката на Мурдок да го продаде медиумот наместо да купува нови претставува изненадување за добар дел од аналитичарите кои очекуваа тој само да им го предаде комплетниот бизнис на своите синови.