5-годишниот договор се проценува дека вреди 275 милијарди долари (275.000.000.000,00) и е гест на Епл за уверување на кинеските функционери кои верувале дека Епл не прави доволно за економијата на земјата.
Во 2016 под закана се наоѓаат Ап стор, Епл пеј и Ајклауд, откако претходната година неколку одлуки на тамошните регулатори речиси ја запираат продажбата на Ајфон во Кина. Договорот е потпишан во првата од неколку посети на Кук на Кина. Кинескиот тим на Епл за односи со владата изработил меморандум за разбирање со Комисијата за национален развој и реформи, а компанијата како главен приоритет си го поставила средби на Кук со високи кинески функционери.
Договорот вклучувал ветување на Епл дека ќе им помогне на кинеските производители да создадат „најсовремени производствени технологии“ и во обука на кадар. Тие исто така ветиле дека ќе користат повеќе кинески производители за делови за уреди на Епл, плус договори со кинески софтверски компании, соработка со кинески универзитети околу технологијата, и „инвестирање на дополнителни милијарди долари“ од тоа што Епл до тогаш инвестирал во Кина. Овие инвестиции делумно одат кон кинески технолошки компании, други се за нови продавници, проекти за обновлива енергија, центри за истражување и развој.
Епл се обврзал и на „уште поголемо зближување со кинеските компании за постигнување на заеднички бенефит и вин-вин ситуација.“ Во замена за сето ова Кина се согласила да понуди „неопходна поддршка и помош“.
Вон договорот, Епл и претходно прави отстапки кон кинеската влада за да продолжи да функционира во земјата. Пример, во 2015 властите им наредуваат на Епл мапс да ги направат спорните Диаоју острови да бидат поголеми кога ќе се одзумира. Доколку Епл не се согласи на ова тие најавиле дека нема да ја одобрат продажбата на Епл часовникот.
Од договорот од 275 милијарди долари Епл има остварено значителен дел. Во 2016 компанијата објави договор со најголемиот кинески производител на ветерници, Шинџијанг Голдвинд, во 2017 објави планови за селење на Ајклауд во Кина, во 2018 започна 300 милиони долари вреден инвестициски фонд за чиста енергија во Кина, и го ангажира кинескиот производите Луксшер пресижн индустри во производството на Ајфон 13.
Пет години подоцна, овој септември, Епл објави дека во изминатите 12 месеци имаат 68 милијарди долари приходи од Кина, и дека на земјата отпаѓа една-петтина од вкупната продажба на Епл.