Што ѝ е проблемот на Европа?

Моменталниот консензус е дека за се е виновна Франција. Прво Moody и го намали рејтингот на земјата, потоа ММФ, ОЕСР и Европската комисија порачаа дека државата треба да преземе економски реформи, за на крај и германските медиуми да почнат да го обвинуваат Париз а не Рим, Мадрид или Атина за проблемите на Унијата.

Проблемот е што со децении француските влади постојано ја сметаа Германија за свој ривал, иако не им беше лесно да натпреваруваат со неа.

Во овој судир, францускиот социјализам постојано беше поразуван од германскиот капитализам. Со раѓањето на еврото пред 13 години за Франција стана потешко да се натпреварува со Германија без да може да ја котролира валутата, како што беше случајот кога го имаа франкот.

Во анализата што ја прави кинескиот Каиксин медиа, со неверување се објаснува: "еден од најзначајните фактори кој придонесе кон рапидното намалување на компетитивност на Франција е воведувањето на 35-часовната работна недела пред 12 години."

Француското објаснување зад овој потег е дека работниците во земјата во просек годишно сработуваат 1679 часа, наспроти работниците во Германија кои имаат 1904 часа годишно, што е речиси 6 недели помалку. Како што се објаснува во анализата - проблемот е што француските работници не се ни приближно ефикасни како нивните колеги од Германија.

Меѓу останатите проблеми на Франција се:

- Минималната плата е речиси 50% од просечната, и тоа ги уништува работните места. Ова е и една од причините за 11-процентната невработеност во Франција, објаснува главниот економист на Комерцбанк, Јерг Крамер.

- "Тајното оружје" на германската економија е се средните компании кои се многу поотпорни и флексибилни отколку концерните. Наспроти тоа во Франција стопанството е налик пирамида, во која на врвот има неколку глобални корпорации и огромен број мали претпријатија на дното, без доволно компании во средината. Една од причините за ова е што кога компанија ќе има повеќе од 50 вработени, таа подлежи на далеку построги закони за отпуштање од работа.

- Плус, додека компаниите се премногу мали, француските банки се опасно големи. Во 2011-та, вкупниот имот на БНП Парибас (најголемата банка во Франција) беше еднаков на 90% од БДП-то на земјата.

- Во изминатите 30 години земјата немала балансиран буџет. Иако целта на Оланд е годинава буџетскиот дефицит да заврши на 3%, ретко кој верува дека тој ќе успее во тоа. За споредба, буџетскиот дефицит на Германија е намален на помалку од 1%. Додека следната година ќе биде близу нула.

19 декември 2012 - 10:19