Мит е дека само приватната сопственост е добра за бизнис

Државната сопственост на клучните ресурси на една земја може да се покаже како гарант на стабилноста и развојот. Додека приватниот менаџмент е фокусиран на краткорочната профитабилност за акционерите, државата како сопственик може да биде трпелива и да постави долгорочен развој и одржливост како главна деловна цел. Оние што ги раздаваа стратешките ресурси не се баш усреќија.

Постојат држави кои промислено пристапуваат кон своите стратешки ресурси, користејќи ги за да ја подигнат сопствената развиеност, животниот стандард и за да ги одбранат своите национални интереси.

Од друга страна, многу држави, особено на сиромашниот глобален југ, прелесно дозволува раздавање на клучните ресурси и предавање на стратешките суровини и инфраструктура и тоа го плаќаат со лош животен стандард и фактичко губење на сувереноста.

„Постојат два јасни заклучока кои можат да се извлечат од низа вакви случаи. Првиот е дека постојат одредени стратешки ресурси кои државите едноставно не смеат да ги дадат во приватни раце, односно области во кои е легитимно државите да имаат свој директен интерес - енергијата, водата за пиење, земјоделското земјиште и одбранбената индустрија се некои од нив. Друг заклучок е дека државата реално може да биде добар сопственик“, пишува Владислав Веселица, економист и член на управниот одбор на Јадранскиот нафтовод.

Еден од најголемите митови што често се повторува во јавноста е дека само приватен сопственик може добро да управува со компанија или бизнис. Кога ќе се видат фактите, јасно е дека значителен број компании во целосна или доминантна сопственост на државата водат одличен бизнис, како и дека значителен број компании во приватна сопственост стојат лошо па и пропаѓаат.

Во светот на компаниите во приватна сопственост, особено оние кои котираат на берзите, тешко е да се најде менаџмент кој не е првенствено фокусиран на краткорочната профитабилност за своите акционери, што е најголемата предност, но и слабост на оваа категорија компании. Од друга страна, државата како сопственик може да биде трпелива и да постави долгорочен развој и одржливост како главна деловна цел.

Веселица тоа го поткрепува со задржувањето на мнозинската државна сопственост во акционерското друштво „Јадрански нафтовод“ кое се покажало како еден од најмудрите долгорочни стратешки потези на хрватската политика. Во изминатиот турбулентен период, додека пандемијата и воените конфликти ги обликуваа светските енергетски пазари, ЈАНАФ бил тој што обезбедил снабдување со сирова нафта во поширокиот регион без потреси и неизвесност. Ковид-19, Украина и Блискиот Исток во ниту еден момент не го нарушиле безбедниот проток на нафта и нафтени деривати за потребите на хрватските граѓани, како и граѓаните на ЕУ и соседните земји.

3 ноември 2024 - 11:15