Кина е двојно поголем кредитор од ММФ и Светската банка - заедно

Во 2,000 фгодина Кина речиси немаше позајмувано пари по светот. Денес нивните кредитни линии тежат околу 700 милијарди долари. На мапата е и Македонија.

Разговори за позајмици со Белорусија, финансирање мостови во Либерија, потенцијален гасовод во Тимор, ископувања во Танзанија, корпоративни недоразбирања во Индија, поддршка на приватниот сектор во Руанда... И сето ова се случува само последниве неколку недели, пишува Економист, за да ја долови забревтаноста на кинеските кредитирања и масовното позајмување пари во целиот свет, особено во сиромашните земји меѓу кои е и Македонија. 

Западните аналитичари имаат проблем со проценки бидејќи Кинезите се дискретни во таквите договори па една студија на истражувачи од Харвард и Кил наведува дека половина од кинеските позајмувања се тајни. Под тајни се мисли дека ММФ и Светската банка немаат никакви податоци за нив. Трагите некогаш се кријат така што позајмицата оди директно кај кинески изведувачи за да биде осигурано дека парите нема да се проневерат.

На пример, Пекинг нема објавено никакви зделки со Иран, Венецуела и Зимбабве иако со сигурност се знае дека таму шприца пари најмалку 15 години.

Според авторите на студијата, 50 најголеми примачи на кинески пари, во просек на земјатав ѝ должат 17% од нивните БДП-а. Иако важи за позајмувач кој не простува, од 2.000 година до сега, Кина има околу 140 случаи кога реструктиирала или отпишала нечиј странски долг кон неа.

22 јули 2019 - 11:08