Сумата од 50 милијарди евра е објавена по истрага во даночна шема во која се вклучени 63 новинари од 30 држави, а најголемиот дел од штета и ќарот отпаѓаат на Германија.
Шемата се врти околу трговија со луксузни производи како автомобили и мобилни телефони, а има и случаи во кои се вмешани сертификати за ЦО2 издувни гасови. На пример во јужна Европа главната измама се прави со бензин.
- Пример, кога германска трговска компанија купува производи од ЕУ членка таа не плаќа ДДВ на тоа.
- Кога купениот производ (со 0% ДДВ) го продава во Германија, компанијата на цената додава 19% ДДВ.
- Данокот од секој продаден производ компанијата е должна да го плати на германското УЈП, меѓутоа тоа не се случува во шемата. Додека даночните власти да сфатат дека компанијата не им платила данок, таа веќе исчезнува.
- Производите минуваат неколку раце за да се замаскира трагот и завршуваат кај последниот трговец во Германија кој на крај ги продава во друга земја членка на ЕУ. Во исто време, последниот трговец од германското УЈП бара враќање на данок, затоа што производот го продал во друга држава.
- Најчесто целата оваа трговија се одвива на хартија, без транспорт, утовар или истовар на стоката, само размена на фактури и слична документација меѓу компаниите.
Најголем кабаетлија во целата работа е Германија главно заради децентрализираниот даночен систем. Во земјата ДДВ посебно го обработуваат даночните власти на секоја од сојузните држави, кои истовремено одбиваат да соработуваат или да предадат нешто од овластувањата на федералните власти.
Како што германските сојузни држави немаат меѓусебна соработка, така и членките на ЕУ се алергични на каква било подлабока соработка околу даноците.
Како функционира вртелешката:
Целата истрага спроведена од КорективТВ, тука