Сите овие години коментарите и оценките на производите се клучен дел од бизнисот на Амазон, меѓутоа последниот период компанијата ревидираше што е клучно, па одлучи книгата за Џинпинг печатена од кинеската влада дека не мора да има ниту коментари од корисници, ниту пак оценки од истите.
Отстапките на Амазон кон кинеската влада се дел од неговите децениски напори да ја освои наклонетоста на Пекинг за да може да го израсне својот бизнис на еден од најголемите пазари на светот.
Амазон успева да преживее во Кина благодарејќи на политика на „не судиме дали е правилна или погрешна“ идеолошката контрола и пропагандата која комунистичката партија ја користи како столб за постигнување и одржување на успех.
Во еден од документите кој го објаснува умилкувањето на Амазон на кинеските власти е договорот на Амазон со кинескиот пропаганден апаратус да му се дозволи засебен сегмент на американската верзија на Амазон, под името Чајна букс. Со оваа соработка на Амазон се понудени за продажба 90.000 публикации. Договорот реално не носи некои значителни пари ниту продажба за која било од страните, меѓутоа тој се смета за клучен за Амазон да ја добие поддршката од Кина за развивање на својот бизнис со Киндл, облак компјутери и е-трговија во земјата.
Чајна букс секцијата содржи голем број неполитички наслови, како учебници по кинески јазик, книги со рецепти и детски приказни, меѓутоа има и наслови на кои се базира кинеската пропаганда, пример во врска со ујгурската популација, успесите на Џинпинг или кинеската борба со ковид-19.