Таг: тероризам

Фудбалот денес не е важен во Белгија

Брисел е погоден од терористички напади на две локации, а тоа се случува седум дена пред белгиската фудбалска репрезентација да ја пречека Португалија. Мечот е неизвесен, а на аеродромот каде имаше експлозија требал да слета брат му на Новак Ѓоковиќ.

"Јас за Гоце не кажувам"(Guantanamo style)

Податоците од Викиликс покажуваат дека една од главните цели на затворањето во Гвантанамо, изнудувањето разузнавачки податоци од осомничените терористи, доживеала сериозен неуспех. А огромен дел од робијашите се таму само заради тоа.

Жртвата што се предомисли

Маж собира пари за добротворни цели низ центарот на Петах Тиква, сред работа нападнат е од терорист и завршува со нож во грло. До тука веста звучи фикс 2-ка, како добра кладичничарска сторија завршува 2 во 1.

Како француската влада го дотепа Шарли Ебдо

На 7 ми јануари 2015, двајца исламистички терористи упаднаа во просториите на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо и убија 12 луѓе. Една година подоцна, француската влада му даде високо одликување на принцот на Саудска Арабија. Ни Шарли Ебдо не можеше да смисли волку перверзна сатира.

Следете ги парите: Париз - Исис- Париз

Дека оние што сами се разнесуваат или рафално пукаат по концертни сали се морони, морони се. Ама дека целата оваа приказна со тероризмот не може да се сведе само на морони, не може. Неколку незгодни прашања на таа тема.

Европа мора да престане да увезува имами од Саудиска Арабија

Едно од оние задолжителни четива за исламизмот, неговите корени и начинот на кој метастазира во Европа. Особено сега, кога станува јасно дека смртоносните фанатици не се луѓе растени во пештери па ако им се даде Ајфон, Плејстејшн или некое фино порно, допрва ќе станат од наша.

Како тоа терористите сè мозоци испаднаа?

Истo како и во војната во 2001-ва, кога ОВК вадеше само команданти (командант Чакала, командант Бреза, командант Липецвату...), како да немаа тие ништо помалку од командант, и ова сега со терористите не може да пројде ако некому не му се додели титулата "мозок на операцијата" или "мастермајнд". Што е мајсторија да се дигнат тројца идиоти во воздух и притоа да убијат еден човек?  

Koга терористички напад се случува на концерт

На денот на нападот во Париз се обидовме да видиме дали има некаква врска помеѓу името на бендот кој свиреше таа вечер во Батаклан, и мотивите на напаѓачите. Таква врска изгледа нема, но има една друга - дека тероризмот е во спротивност на идеалите на музиката и на уметноста воопшто.

Полека со тоа пасошот

Сирискиот пасош најден кај еден од терористите во Париз очекувано ги потпали теориите дека мигрантската криза е пеколен план на Исис да се инфилтрира во Европа. Многумина забораваат дека фактот што луѓето бегаат од ИСИС и нивниот калифат, всушност, е најголемиот пораз на мороните. 

Тероризмот на спортските натпревари

Случајот со трите жртви во близина на Стад де Франс за време на пријателскиот дуел Франција – Германија е дел од големата листа на терористички напади кои низ историјата го оцрнуваа спортот. Во Минхен се памети Олимпијадата, а во Бостон маратонот.

150 жртви во терористички напади во Париз, тројца во близина на Стад де Франс

Експлозии и пукотници се забележани на седум места во главниот француски град, а за момент беше прекинат и пријателскиот меч меѓу Франција и Германија, каде се слушна силна експлозија.

Дали тероризмот врши работа?

Освен способноста да се шокира јавноста и да се придонесат непотребни човечки жртви, студија на Универзитетот Колумбија се занимава со многу посуштинска метрика - колку тероризмот помага во крајниот успех на тие што го извршиле делото.

ИСИС одобри едно важно женско право

Кога феминизмот ќе добие родова битка во џихадистичка околина, се добива прилично бизарен резултат.

Кога САД слегна со рамења на 1.000 жртви

Пред точно десет години, во долината Фергана во Узбекистан, маса народ се собра за да протестира заради апсења и насилство од државната полиција. Властите тогаш убиле најмалку 1.000 луѓе - но бројката не е баш јасна, затоа што тогашнaта американска врхушка на чело со Доналд Рамсфелд се спротивставила на истрагата. Причина: Узбекистан им бил партнер во борбата против тероризмот.

Зулендер теоријата за тероризмот

Наративот на филмот е дека некој му го испрал мозокот на имбецилниот машки манекен, по што тој треба да изврши меѓународен акт на тероризам. Истата логика околу перењето мозок на Зулендер денес е водечка поента во некои од посензационалните репортажи за тоа како ИД ги регрутира своите членови.

Ни терорист не е лесно да бидеш

Како и секоја недопирлива организација која оддалеку изгледа како да не може да биде сопрена така и терористите оставаат впечаток на моќ и дека имаат контрола на ситуацијата и сопствената судбина. Од внатре е друго.

Оди па стани бомбаш самоубиец

Проблем, заради сите зулуми што си ги правел сега аеродромската контрола е толку стегната што никако не можеш да пренесеш скриена бомба. Решение, правиш бомба која може да се скрие на аналниот отвор. Проблем, како сега на сите овие закоравени терористи што ги одгледуваш да им кажеш дека треба да бутнат нешто во ректумот.

Како Игра на тронови ќе го предвиди следниот Бин Ладен

Користејќи ја истата логика според која може да се открие кој ќе биде следен клучен лик во Троновите што ќе биде промовиран по убиството на некој од главните, компјутерски модел кој ги обработува сите расположливи податоци за терористичките мрежи може да предвиди кој ќе биде следен лидер по елиминацијата на актуелниот. До сега погодува со 80% точност.

Дали осудени терористи имаат право да пишуваат мемоари?

Новата автобиографија на еден од основачите на терористичката организација 17. ноември се продава како грчка алва. Додека некои се ужаснати, други ја бранат слободата на говор. 

Фрустрирани џихадисти се молат за земјотрес во Сочи

Прво се чаталеа дека ќе го растураат Сочи и Олимпијадата со незапамтени крвопролевања. Видоа дека тоа баш не проаѓа како што го замислиле, па сега се свртеа на молитви Господ да прати земјотрес.  

Нико вика нема гајле

Не се ретки написите во западните медиуми во кои се шекулира дека Зимските Олимписки Игри во Сочи можат да бидат поприште на терористички масакри. Таке Сенсеи, како што го знаат неговите ученици по аикидо, односно Стивен Сигал како што го знаеме ние, мисли поинаку.

Бостон доби солидарност од најголемите ривали

По терористичкиот напад на маратонот во Бостон, пред почетокот на сите спортски манифестации екипите оддадоа почит со едноминутен молк, но некои ја искажаа својата солидарност и на поинаков начин.

Терористички напад на маратонот во Бостон

Две експлозии одекнаа во близина на целната линија на еден од најпознатите светски маратони во Бостон. Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени. Мерките за безбедност се подигнати во цела Америка.

Утописки за почетници

Измислен јазик, обичен државен службеник, малку историја на лингвистика и - терористи од Калмикија! Еден од оние фасцинантни текстови на Њујоркер кои повеќе личат на мали студии.