Ваков впечаток има Абу Мусаб ал-Сури според неговиот личен дневник за периодот од 1999 / 2000, кој беше запленет од сојузниците. Во ова време ал-Сури (врвен стратег) е во најтесното раководство на ал-Каеда, иако никогаш не му се заколнува на лојалност на бин Ладен.
Ова е периодот кога ал-Каеда е гостин на Талибанците во Авганистан. Иако врската меѓу двете групи е срдечна, постојано има фрикција и тензија меѓу нив.
Во белешките ал-Сури зборува за еден состанок со висок талибански функционер, по што му го пренесува следниов извештај на својот претпоставен:
"Тој (Талибанецот) тврди дека како резултат на тоа што кај нив има инфилтрирани луѓе голем број држави успеале да соберат информации за нас и тие (Талибанците) се запрепастени од тоа како се добиваат овие информации. Ти исто така знаеш дека командантите (на Талибанците) исто така имаа состанок во Нангархар и издадоа декрет за егзекуција не само на шеикот Осама (бин Ладен), туку и на сите муџахедини."
Меѓу двете организации има судир и заради желбата на Талибанците да воведе систем на лични идентификации за странците кои им се придружуваат, со цел "да имаат контрола врз тоа кој би можел да го саботира исламскиот режим во Емиратот." Ал-Каеда и ал-Сури не се согласуваат на ова бидејќи каква била регистрација знаат дека ќе претставува безбедносен проблем за нивните операции.
Ал-Сури нема многу трпение ниту за соборците од ал-Каеда, и бара сите проблеми да ги презентираат по најмалку двајца луѓе, бидејќи "имаме некои поединци што не се многу разбирливи."
Во 1994-та Џеј Бојер Бел во текстот објавен од Studies in Conflict and Terrorism, пишува за слична ситуација:
"Бунтовниците влегуваат во таен свет кој е непоправливо неефикасен - свет во кој нема никакви решенија, само поправање на моменталните проблеми. Се' е тешко: комуникацијата и командата, регрутирање и публицитет, пропаганда и контрола. Од очајување, не од избор, бунтовниците мора да најдат неконвенционални начини за да продолжат и често не ја избираат најдобрата опција, туку единствената опција."
Според Марк Стаут, кој ги анализира белешките, и ал-Сури би се идентификувал со ваквата ситуација.