Истражувачите од Универзитетот во Мериленд анализираат 4 групи: Ал Каеда, Хамас, Хезболах и Лашкар-е-Таиба (терористичките напади на Мумбај од 2008-ма). Тие следат како отстранувањето на конкретни индивидуи од групата може да ги предвиди промените и следниот лидер на организацијата.
Меѓу варијаблите за кои тие се заинтересирани е каква е улогата на лидерот, дали собира фондови, дали е духовен лидер или па регрутира нови членови, каков е по основа на непријателства и капацитет, и способноста за одмазда во случај тој да биде убиен.
Во целата анализа се следи принципот на "централност," кој го одредува влијанието на терористичкиот лидер и неговите најблиски соработници.
"Исто како и во Игра на тронови, наследството во терористичките мрежи најчесто е однапред одредено од рангот, наместо според останатите критериум за лидерство," објаснува еден од главните истражувачи на проектот, професорот В.С. Субрахманиан.
Заклучокот покажува зошто е важно анализирањето на останатите варијабли на мрежата и колку една терористичка организација еволуира кога го елиминираат нејзиниот лидер. Оценката е дека премногу често владите ја преценуваат штетата што и ја направиле на терористичката група со отстранување на лидерот. Тие не ја земаат во предвид можноста дека една терористичка група може да стане посилна откако нејзиниот лидер е отстранет.
"Отстранувањето на некомпетентни лидери може да ја направи организацијата посмртоносна... или пак ако тој е компетентен, може да биде заменет од некој кој е далеку по смртоносен," објаснува професорот.
Во случајот си Ал-Каеда, иако Ал Завахири беше најверојатно да го превземе водството според ранг, Ал-Багдади (сегашниот лидер на ИСИС) има најдобар резултат според симулацијата.
"Слично како и во книгите за Игра на тронови, ликот Џофри Баратеон е пример за нод (единка) со висок ранг, меѓутоа низок резултат на тема влијание и поврзаност. Дијаболичниот Тајвин Ланистер има големо влијание, што му овозможува ефективно да го одлучува развојот на настаните и покрај тоа што не е крал. Џон Сноу, во меѓувреме, има висок резултат по основа на поврзаност. Тој е блиско врзан со луѓето од Ноќната стража, кои пак се блиско поврзани со останатите членови на стражата," со објаснува во анализата на сајтот Дифенс Уан.