
Фудбалската репрезентација на Белгија го одложи денешниот тренинг откако утринава беше шокирана од терористичките напади кои според последните информации однесоа 23 жртви и 50 повердени.
Белгија има закажано пријателски натпревар против Португалија кој треба да се игра на 29 март на стадионот „Крал Бодуин“ (поранешен Хејсел), но за сега не е сигурно дали тој меч воопшто ќе се игра.
„Нашите мисли се насочени кон жртвите. Фудбалот денес не е важен. Тренингот е откажан“, стои на официјалниот Твитер профил на националниот тим на Белгија.
Експлозии утринава во 8 часот се слушнаа на дескот за чек-ин на аеродромот во Брисел, а околу еден час претходно и на метро станица во центарот на градот.
Репрезентативците на Белгија твитаа за нападите, а брат му на Новак Ѓоковиќ требал да слета на истиот аеродром во Брисел.