Таг: белгиска фудбалска репрезентација

Лукаку со голови за Белгија и порака за Ериксен во камерите

Белгија ја оправда улогата апсолутен фаворит во групата Б од Европското првенство откако со 3-0 ја прегази Русија среде Санкт Петербург. Лукаку на двапати и еднаш Томас Муние беа стрелци за „Црвените ѓаволи“. Ромелу имаше порака до другарот од Интер Кристијан Ериксен.

За малку ќе станел наставник по физичко, викале мал е за фудбал, а сега игра полуфинале

Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.

Изненадување за Вертонген за јубилејниот 100 настап

На пријателската Белгија - Португалија пред почетокот на Светското, белгискиот стопер Јан Вертонген го запиша својот 100. настап за „Црвените ѓаволи“ а наградата му ја врачи мајка му.

Како белгискиот фудбалер Босман го победи системот

Во 1995. година белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман одлучи пред Европскиот Суд за човекови права да ги тужи УЕФА, Белгиската фудбалска федерација и клубот Лиеж поради тоа што до тој момент играчите по завршување на договорот со клубот немале целосна слобода во изборот на новата средина, а клубот можел да ги обврзе да останат. Босман ги добива на Суд и од тогаш играчите имаат далеку повеќе права од клубовите, а менаџерите се тие кои тријат раце.

Изгледа дека Белгија само ќе напаѓа на ЕП

Марк Вилмотс го објави официналниот состав за ЕП 2016 од кој ќе отпадне само еден играч. Во одбрана повредениот Компани ќе го менува 20 годишниот Џејсон Денајер од Галатасарај, но она што е најинтересно за издвојување е неговиот избор во напад. Според оваа најава од Фудбалската федерација на Белгија, тој се реши да патува во Франција со четворица играчи од среден и ред и дури 8 напаѓачи.

Голот за Белгија во режија на браќата Лукаку

Првата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА, Белгија во своите редови ги има браќата Лукаку кои синоќа играа заедно откако помладиот Џордан Лукаку (21) влезе во игра. Џордан е лев бек во Остенде. Само две минути откако истрча на теренот му центрираше на брат му кој даде гол со глава. Белгија и во минатото имаше одличен братски тандем, Мбо и Емил Мпенза.

Фудбалот денес не е важен во Белгија

Брисел е погоден од терористички напади на две локации, а тоа се случува седум дена пред белгиската фудбалска репрезентација да ја пречека Португалија. Мечот е неизвесен, а на аеродромот каде имаше експлозија требал да слета брат му на Новак Ѓоковиќ.

Еден е Азар

Белгискиот репрезентативец се вклопи во фудбалското сивило на Челси, но затоа и натаму маестрално игра за репрезентацијата која е на чекор од пласман на ЕП 2016.