„Мислат дека стршленот не може да лета затоа што неговото тело е непропорционално со крилата, но стршленот не знае за тоа и лета. Мислеле дека малиот Меси со проблемите со раст не може да заигра во современиот фудбал со мускулеста снага, но Меси не знаел за тоа и играл. И затоа е најголем на сите времиња“, рекол еднаш авторот на легендарната книга „Гомора“, Роберто Савиано.
Разликата меѓу Меси и Мертенс е тоа што Дрис точно знаел: тој не може да полета. Во 2003-та година, малиот кој денес ќе игра полуфинале на Светско првенство го отпуштиле од младинската академија на Андерлехт.
Малиот Дрис ги дриблал сите, лесно менувал траекторија на движење и со топката трчал побрзо отколку неговите врсници на точак, но тоа никого не го интересирало. Дрис бил малечок како комарец. Тренерите резонирале: вратата му е затворена.
Мертенс се скарал со нив, заминал во Гент и паралелно со тренинзите учел во фискултурно училиште (на барање на татко му, поранешен гимнастичар). Кога завршил средно фискултурно, Дрис работел на својата физичка снага а во слободно време играл фудбал со другарите.
Еднаш додека играл со другарите од школо, покрај оградата стоел тренерот на младинците на Гент Етјен де Виспелар. Потоа тој раскажал дека дента во Мертенс видел идна фудбалска ѕвезда. Скоро тренерот станал шеф на стручен штаб на малиот клуб Алст од трета лига и го викнал со себе малиот кој не успеал ниту во Гент.
18-годишниот фудбалер бил толку слаб и мал што опремата му ја нашле во едно детско школо. Но од друга страна на терен не можеле да го сопрат колку бил пробивен и брз па по неколку месеци ја добила наградата за најдобар играч во лигата.
Тоа било препорака за нова селидба, овојпат во Холандија. Мертенс потпишал договор за позајмица со екипата АГОВВ која после една година го откупила неговиот договор. Во белгискиот фудбал тогаш почнала револуција која на сцена ги донесе Де Брујне, Лукаку, Азар...
„Просто не бев спремен. На 18 години телото ми беше како на дете од 15 години. Луѓето викаа: Дрис се лути зошто не го викнаа. Но јас не се лутев. Во тоа време не бев доволно добар“, искрено признава Мертенс зошто го одбивале.
Набрзо од него се откажал и неговиот нов клуб Нејмеген. Главниот скаут на клубот Хенк Грим не знаел да го види талентот на Белгиецот и сметал дека е леприкон (мало човече) а него му требале покрупни снажни фудбалери.
Но леприконот веќе не слушал никого: за две сезони во Утрехт постигнал 21 гол, имал 34 асистенции и се борел со Луис Суарез за наградата најдобар играч во лигата. Наскоро потпиша со ПСВ Ајндховен од каде се пресели во Наполи. Во Италија стана мега ѕвезда.
„На 18 години играв со подобри и поталентирани фудбалери од мене. Но тие беа горди кога се враќав чекор назад во кариерата. Таквите повеќе сакаа да седат на клупа со години и да викаат: ’Јас играм за Андерлехт, немам намера да одам во втора лига’. Но чекор назад е неопходен за да станеш посилен и да тргнеш напред. Најлесно е да стош во место“, вели човекот кој на Светското 2018 го постигна еден од најубавите голови кој ќе конкурира за наградата најдобар погодок.
Тежок старт Дрис имаше и во Неапол. Три години Белгиецот се помируваше со статусот резервен играч и секоја сезона се поредко беше стартер (од 21 меч во 2013/2014 до 6 во 2015/2016). Но кој чека - ќе дочека.
Игуаин со голема бука замина во Јувентус а неговата замена Милик постигна 7 гола на првите 9 меча и потоа ги скина лигаментите па единствен напаѓач остана Мертенс.
Тогаш тренерот Маурицио Сари направи нешто што не направил ниту еден претходен тренер на Мертенс. Се испостави дека 169-сантиметри високиот Дрис не е за крило, туку за центарфор. А Мертенс врати со 28 постигнати гола на 35 меча и сосема јасно ги постави критериумите за „лажна деветка“.
Мертенс набрзо стана главна ѕвезда на Неапол. Го споредуваа со Марадона и за никаква цена не сакаа да слушнат да го пуштат. Можно е сега омалениот белгиски напаѓач да се врати на крило: стариот лисец Карло Анчелоти претпочита класични ниски и мали и крилни напаѓачи. Но Мертенс не размислува на тоа зошто сега сака да го оствари животниот сон и да стане светски шампион со Белгија.
Во 2014-та година во Белгија излегла книгата со наслов: „Вака ние станавме светски шампиони“ - алтернативна реалност во која „црвените ѓаволи“ ја поминаа Аргентина во четвртфинале а во финале го освладале Бразил и го славеле најголемиот празник во својата историја.
Разликата меѓу реалноста и замислата ја прави Дрис Меретенс кој во книгата ги победува Аргентинците со гол во продолженија. Почетокот на романот оди: „За тој што сака, ништо не е невозможно“.