Голот за Белгија во режија на браќата Лукаку

Првата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА, Белгија во своите редови ги има браќата Лукаку кои синоќа играа заедно откако помладиот Џордан Лукаку (21) влезе во игра. Џордан е лев бек во Остенде. Само две минути откако истрча на теренот му центрираше на брат му кој даде гол со глава. Белгија и во минатото имаше одличен братски тандем, Мбо и Емил Мпенза.