Таг: џордан лукаку

За еден топол братски поздрав кој допира до нивното тешко минато

На страна тоа што Интер и Лацио минатото коло водеа битка вредна второ место. Тој меч сезонава е посебен за двајца браќа кои сезонава прв пат играат еден против друг. Не е важно кој победи на терен, туку поентата е што во животот и двајцата победија.

Сторијата за браќата Лукаку кои учеле како да не бидат Касано и Балотели

Едниот е напаѓач, другиот крило и заедно се калеле во Андерлехт. Но Ромелу е далеку попознат без разлика што е само една година постар. Мајка им се молела додека живееле во мрак и ете ги сега и двајцата се во Италија, на второ и трето место на табела. Плус деца на место се.

Братска радост на Лукаку за голот во 93-та против Јуве

Неделата за Ромелу Лукаку беше славеничка од две причини. Прво дебитираше за Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата со два гола против Вест Хем, а вечерта уживаше кога брат му Џордан му го испи мозокот на Де Шиљо и му ја даде на танца на младиот Мурџа за конечни 3:2 на дуелот меѓу Лацио и Јувентус и трофеј во Супер Купот на Италија.

Голот за Белгија во режија на браќата Лукаку

Првата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА, Белгија во своите редови ги има браќата Лукаку кои синоќа играа заедно откако помладиот Џордан Лукаку (21) влезе во игра. Џордан е лев бек во Остенде. Само две минути откако истрча на теренот му центрираше на брат му кој даде гол со глава. Белгија и во минатото имаше одличен братски тандем, Мбо и Емил Мпенза.