Братска радост на Лукаку за голот во 93-та против Јуве

Неделата за Ромелу Лукаку беше славеничка од две причини. Прво дебитираше за Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата со два гола против Вест Хем, а вечерта уживаше кога брат му Џордан му го испи мозокот на Де Шиљо и му ја даде на танца на младиот Мурџа за конечни 3:2 на дуелот меѓу Лацио и Јувентус и трофеј во Супер Купот на Италија.