Таг: супер куп на Италија

И Интер има свои Тициано Крудели во студио

По 120 минути битка, веројатно сите на полноќ синоќа се остреа за пенали меѓу Интер и Јувентус. Ама тоа задоволство за нас, а стресно за играчите го скрати Алексис Санчез со гол во последните мигови, вреден пехар за нероаѕурите во Супер Купот на Италија.

Какво финале беше ова меѓу Лацио и Интер, 7 гола паднаа

Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.

Последното носталгично миланско дерби вредно трофеј

Август е месец кој потсетува на многу Супер куп соочувања, а едно такво се одигра токму на денешен ден пред 9 години. Протагонисти Интер и Милан во Пекинг со големи фудбалски имиња. Единствен кој и сега е во Милано? Ибра. Стрелец? Ибра. Man of the match? Ибра.

Шампиони или не, морам и пехарот да го проверам

Лацио синоќа го совлада Јуве со 3:1 во Супер Купот на Италија, а финалето се играше во Саудиска Арабија. Пехарот преку контролата на аеродром го пренесе Данило Каталди кој ја олади Старата Дама со голчиште од слободен удар во 94-та. А контролата е иста за секој, без разлика што носи в раце.

Парадокс на денот

Ова со Супер Купот на Италија што го третираат како играчка за млатење пари, до толку ја губи поентата на одржување кај ќе стигне, што дојде и до кршење на правата за кои уствари се бори самата лига.

За Супер купот Милан - Јуве во С. Арабија, жените само со мажи под рака

Во Италија има голема полемика околу мечот од Суперкупот на оваа земја кој ќе се одигра на 13 јануари во Џеда, Саудиска Арабија. Жените нема да смеат сами да одат да го гледаат овој фудбалски спектакл.

Братска радост на Лукаку за голот во 93-та против Јуве

Неделата за Ромелу Лукаку беше славеничка од две причини. Прво дебитираше за Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата со два гола против Вест Хем, а вечерта уживаше кога брат му Џордан му го испи мозокот на Де Шиљо и му ја даде на танца на младиот Мурџа за конечни 3:2 на дуелот меѓу Лацио и Јувентус и трофеј во Супер Купот на Италија.

Проблематичниот Супер Куп кој се игра на ниви

Стадиони полни со дупки, тревата изретчена, времето претопло, аматерски тв преноси. Откако Италијанците го преместија првиот трофеј од сезоната во странство, главаат си удираат од ѕид поради проблеми.

Трагикомичниот Супер куп

Шангај во саботата беше домаќин на италијанскиот Супер куп меѓу Јувентус и Лацио кој заврши 2:0 за Бјанконерите. Финале кое изгледаше како да се игра на нива, кое првото полувреме го скрати за две минути и за кое РАИ веднаш се извини.

Во Неапол веќе е Нова година

Фудбалерите на Наполи го освоија италијанскиот Супер куп против Јувентус, кој се играше во Доха. Екипата од југот на Италија славеше 6:5 на пенали по двете серии, откако во регуларните 90. минути беше 1:1, а после продолженијата 2:2. Прославата, типично наполитанска.