Лудорија од пресврт на дербито и трофеј за Милан со гол во 93-та минута

Милан се избори за мега пресврт во градското дерби кое вечерва се одигра во Ријад. Финале за паметење. Од 2:0, ја свртија на 2:3 и го освоија Супер Купот на Италија.

Росонерите им ја прекинаа серијата на градските ривали кои три години во низа го освојуваа Супер Купот, кој инаку втора година се игра во нов формат.

До трофејот стигнаа јуначки со два пресврта. Најпрвин против Јуве во полуфинале од 1:0 на 1:2, па против Интер во финале од 2:0 на 2:3.

Во Ријад се одржа фантастична фудбалска претстава која понуди отворена игра со многу шанси на двете страни.

Тоа го покажува и статистиката од вкупно 18:15 удари во корист на Интер или по 8 во рамки на гол и на двете екипи.

Интер го постигна головите на крајот на прво и на стартот на второто полувреме преку Лаутаро Мартинез и Тареми.

И кога се чинеше дека натпреварот е завршен, Тео Хернандез изведе прецизен слободен удар на време, во 52 минута, по што дербито се разгоре.

Тео во 80-та минута го пронајде Пулишиќ кој израмни на 2:2, а потоа Серџо Консеисао ги погоди измените. Џокерите Леао и Абрахам, првиот во улога на асистент, а вториот на стрелец, ја завршија работата во 93-та минута.

Цела клупа на чело со Консеисао беа во делириум во финишот, посебно што Португалецот им носи трофеј после два меча на клупата на која го замени Фонсека.

6 јануари 2025 - 22:08