Проблематичниот Супер Куп кој се игра на ниви

Стадиони полни со дупки, тревата изретчена, времето претопло, аматерски тв преноси. Откако Италијанците го преместија првиот трофеј од сезоната во странство, главаат си удираат од ѕид поради проблеми.

ЈУВЕНТУС – ПАРМА (Триполи 2002)

Првиот Супер Куп на Италија кој се одржа во друга држава беше во 2002-ра во Триполи, Либија каде теренот беше ужас. Мечот повеќе личеше на фудбалски натпревар на плажа со оглед на недостигот на трева. Финалисти беа Јувентус и Парма, а мечот заврши 2:1 со двата гола на Дел Пјеро и погодокот на Марко Ди Вајо.

ЈУВЕНТУС – МИЛАН (Њујорк 2003)

Една година подоцна проблемите се повторија во САД, поточно во Источен Рутефорд во близина на Њујорк. Актери беа Јувентус и Милан, истите екипи кои три месеци претходно се сретнаа во финалето на ЛШ. Јувентус го доби мечот на пенали, а во сите извештаи за мечот Италијанците го критикуваа топлото време и лошиот терен.

ЈУВЕНТУС – ЛАЦИО (Шангај 2015)

Иста песна и во Кина минатата година каде теренот беше со кал и дупки, а тревата како да не видела вода со години. Тренерите и на двете екипи беа бесни.

„Овој терен не е на ниво за играње фудбал, пред се за ваков важен натпревар“, изјави тренерот на Лацио, Стефано Пиоли.

Но како тоа да не беше доволно, тапа беше и преносот. На кинескиот режисер му бегаа акции, забавените снимки одеа во погрешно време, а не беше точно ниту времето на кајронот со реалното време на мечот. За сите пропусти на Кинезите мораше да се извинува Раи.

ЈУВЕНТУС – МИЛАН (Доха 2016)

По гневот на играчите, тренерите и навивачите, за тешкотиите во организацијата на италијанскиот Супер Куп на ред дојде да се побуни и Адријано Галијани. Милан во петок игра против Јувентус, но пристигна еден ден подоцна во Доха од нивниот противник бидејќи им доцнеше авионот.

„Претрпевме сериозна штета од спортски аспект. Јувентус е мирен и ќе тренира на 20 степени потопло време од нас во Милано, а ние ќе пристигнеме доцна вечер“, изјави директорот на Милан кој се закани дека ако има уште едно доцнење, тие нема воопшто да се качат во авион.

22 декември 2016 - 16:21