Трагикомичниот Супер куп

Шангај во саботата беше домаќин на италијанскиот Супер куп меѓу Јувентус и Лацио кој заврши 2:0 за Бјанконерите. Финале кое изгледаше како да се игра на нива, кое првото полувреме го скрати за две минути и за кое РАИ веднаш се извини.

Требаше да биде една мирна сабота во август. Сабота во која конечно се врати фудбалот. Првата средба на сезоната која ќе го означи првиот, но не најзначаен трофеј на годината. Сабота која место уживање стана ноќна мора со гротескни бои. Што ли си рече момче, страсно за фудбал родено во 90-те кога го гледаше мечот?

Гледајќи италијански трофеј одигран во туѓа земја, без разлика дали во Кина, Либија (се сеќавате на Супер купот 2002 во песоците на Триполи?) или во Обединетите Арапски Емирати, не е баш некое убаво чувство, за разлика од тоа да го гледаш како се одржува во домот на еден од двата финалисти. Сè се менува со звукот на доларите кои ја вртат економијата и толку пати е повторувано дека парите за тој што инвестира во италијанскиот фудбал е важна прилика, пред сè во период во кој фудбалот на чизмата не е во својот раскош и има потреба од свеж воздух, ентузијазам и инвеститори за да се отворат нови пазари и нови ентузијасти и навивачи.

Па ако ова е фудбал на нови пазари, нови можности и нови инвеститори сигурно ќе добиете возбуда. Тоа што се случи на финалето е трагикомедија. Натпревар на 8 август во период на тајфуни и монсуни во Шангај не изгледаше добра идеја. Да се игра на терен каде тревата беше утопија и беше слама? После тоа беше јасно дека тешко ќе биде да се игра фудбал на таков терен и дека тешко беше да се избегне повреда.

Ветерот се чувствуваше и во Италија, имаше килограми влага, топката се одбиваше од дупка во дупка. Спектаклот во првите 45 минути беше уништен, а тие што гледаат комотно дома на кауч сигурно и задремале од досада. Да на кауч, затоа што било кој страстен италијанскиот навивач сакал да го гледа мечот, ќе требал многу далеку да патува во странство.

Во однос на телевизискиот пренос за кој РАИ веднаш побара извинување, донесе повторени снимки избрани по случајност, часовникот на времето полуде, аудио звукот беше како од трет свет, а снимките беа направени од месечината на кинеската телевизија. Се на се тв преносот предизвика полемики, разни коментари и осврти и смешки кои веднаш можеа да се прочитаат на Твитер. На кратко да повториме: Ако ова е фудбал на 2015-та, фудбал на странски инвеститори, фудбал на нови пазари, “добро е“ она што може да се добие. Сакаме фудбал со навивачи, со публика која го сака и фудбал кој се игра дома.

wanderersfutbol

11 август 2015 - 16:27