Лига Серија А пред некое коло побара од сите фудбалери да се појават на терен со црвен знак на лицето како протест против насилство на жената.
Потоа:
Истата лига годинава за место на одржување на финалето на Супер Купот на Италија избра земја каде жените можат да присуствуваат само на одредена трибина именувана како „фамилијарна“.
Се работи за Саудиска Арабија каде на 16 јануари ќе се сретнат шампионот Јувентус и освојувачот на Купот, Милан.
Финалистите си ќутат, бидејќи ќе поделат фин колач, а жените кои во случајов се дискриминирани ќе можат да присуствуваат на стадион само на таа една трибина во придружба со машки член од семејството.
Плус не пазат и на каков терен играат.