Прв кадар Крањоти и Салас, втор Креспо, трет Сидорф, ама не ќелаф во Милан, туку со долга коса во Интер и четврти, двојно проигрување Верон – Недвед. Wow, каква носталгија.
Зборуваме за Супер купот на Италија одигран на 8 септември 2000. Леле мајко 20 години поминале. Кај Лаки спорт ја гледавме. Немаше тогаш кладилници како сега на секој ќош. Лаки беше, со тоа талоните со печат, не се куцаа компјутерски тикетите. Хиподром во Карпош кај Палма и уште некоја.
Лацио против Интер на Олимпико во Рим пред над 60.000 публика. Прејаки беа тогаш Бјанкочелестите со Крањоти, а стадионот им крцаше.
Перуци, Панкаро, Неста, Михајловиќ, Фавали, Станковиќ, Симеоне, Верон, Недвед, Креспо и Лопез. Состав кој секој фанатик за Серија А го знаеше на памет. Беа шампиони на Италија, освојувачи на Куп, а го освоија и Супер Купот, а ова им беше последен трофеј во ерата на Серџо Краџоти.
Од другата страна бранеше Марко Балота. Да, стариот беше малку и во Интер, а потоа се врати во Лацио и играше во ЛШ со наш Пандев, кога стана најстар играч со 43 години во најелитното клупско натпреварување.
Во напад ги имаа Хакан Шукур и Роби Кин, како и Кордоба, Ѕанети, Југовиќ, Сидорф, Ди Бјаџо... На клупата Свен Горан Ериксон и Марчело Липи. Што да дробиме повеќе, гледајте и уживајте. Каква левица имаше Лопез, каков пас на Верон до Станковиќ. Многу убави времиња.