Изгледа дека Белгија само ќе напаѓа на ЕП

Марк Вилмотс го објави официналниот состав за ЕП 2016 од кој ќе отпадне само еден играч. Во одбрана повредениот Компани ќе го менува 20 годишниот Џејсон Денајер од Галатасарај, но она што е најинтересно за издвојување е неговиот избор во напад. Според оваа најава од Фудбалската федерација на Белгија, тој се реши да патува во Франција со четворица играчи од среден и ред и дури 8 напаѓачи.

Голмани: Куртоа (Челси), Жиле (Мехелен), Мињоле (Ливерпул)

Одбрана: Алдервирелд (Тотенхем), Бојата (Селтик), Денајер (Галатасарај), Енгелс (Клуб Бриж), Ломбартс (Зенит), Џ. Лукаку (Остенде), Меуниер (Клуб Бриџ), Вермален (Барселона), Вертонген (Тотенхем)

Среден ред: Дембеле (Тотенхем), Фелаини (Манчестер Јунајтед), Наинголан (Рома), Витсел (Зенит)

Напад: Батшуаи (Марсеј), Бентеке (Ливерпул), Караско (Атлетико Мадрид), Де Брујн (Манчестер Сити), Азар (Челси), Лукаку (Евертон), Мертенс (Наполи), Ориџи (Ливерпул).