Лукаку со голови за Белгија и порака за Ериксен во камерите

Белгија ја оправда улогата апсолутен фаворит во групата Б од Европското првенство откако со 3-0 ја прегази Русија среде Санкт Петербург. Лукаку на двапати и еднаш Томас Муние беа стрелци за „Црвените ѓаволи“. Ромелу имаше порака до другарот од Интер Кристијан Ериксен.

Во оваа група, Финска претходно ја шокираше Данска со 0-1 на „Паркен“ во Копенхаген и сега по 3 бода имаат Белгија и Финците а Данска и Русија се без бодови. На мечот во Данска се случија потресни сцени откако домашниот фудбалер Ериксен колабираше на теренот па докторите едвај го спасија и вратија во живот. 

13 јуни 2021 - 10:57