Кога станува збор за хорори, звукот игра суштинска улога во создавање на чувството на страв и возбуда. Сега компанијата Самсунг се обидува низ современа технологија на звук да им го пренесе и на оние кои не можат да го слушнат.
Скандинавската држава моментално е исправена пред бран на криминал и насилство подеднакво сериозен како финансискиот крах на земјата во 1990-те, алармира најверојатниот следен премиер на земјата.
Во целата таа бајковитост, летово успеа да ја открие Ахиловата пета на Швеѓаните и општо Скандинавија. Цел тој општествено социјален рај да не ти бил подготвен за суша и пожари.
Во четвртфиналето на СП 1958 Шведска како домаќин го совлада СССР, а претходно Западна Германија. Сега тоа го оствари против Швајцарија, на што му претходеше триумф над Мексико. Швеѓаните последен пат беа во топ 8 на Мундијалот во САД 1994.
Долгогодишниот спор меѓу Норвешка и Шведска е на пат да ескалира затоа што вториве веќе 10 години одбиваат да ратификуваат еден меѓусебен договор. Како и во секоја квалитетна комшиска врска, ако не се спукаш за меѓа, тогаш ќе се спукаш затоа што стоката на комшијата ти влегла во двор. Епа исто и овие.
27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.
Џими Дурмаз е роден во Шведска од сириски родители кои емигрирале од Турција. Фаулот кој го направи против Германија после што примија гол беше иницијална каписла за расистите од оваа земја да го навредуваат.
Иако губеше на полувремето, со страшниот гол на Тони Крос, Германија во 90+5’ минута ја победи Шведска со играч помалку и се врати на голема врата на мундијалската сцена.
Фудбалскиот пат на Оге Хајреде, селекторот на Данска кој е роден Норвежанец е интересен онолку колку што е интересен и неговиот морелопловски пат по Скандинавија.
За прв пат по повеќе од половина век шведската влада почна до сите 4,8 милиони домаќинства во земјата да испраќа памфлети со совети како населението може да се подготвува во случај на војна и како да придонесе кон одбрана на земјата.
63-годишен Швеѓанец во јануари годинава загина враќајќи се дома од работа, откако на велосипедската патека наиде на оставена рачна бомба. Тој од прва не го препознава предметот и само што го крева му експлодира и инстантно го убива.
Пред воопшто да можат да тргнат во својата борба против воведување целосно безготовинско општество, активистите за оваа кауза прво треба да го решат проблемот како да мобилизираш народ во Шведска кога сите и веруваат на која било влада што ќе дојде.
Не само што ќе ти кажуваат дека не можеш да работиш повеќе од 6 часа на ден, и дека викенди се за седење дома и со семејството а не за работа, туку по ново шведските работодавци воведоа и задолжителна физичка активност за своите вработени.
Еден шведски тв канал во студиото отворил дебата за тоа каде пијаниот хулиган кој на кратко го прекина мечот Кристал Палас - Њукасл, требал да оди а да не го фатат.
Во случај да има избор за најдобра опрема на еден клуб во Европа, меѓу главните кандидати би бил шведскиот трофеен АИК од Стокхолм.Nike им произвел целосно црна опрема: дрес, штуцни, шорцеви, ракавици, копачки, тренерки, тренинг маици.
По четири сребрени медали и две бронзи, двократниот светски првак за прв пат во својата историја освои Европско првенство. Херојот на Вардар, Арпад Штербик вечерва беше херој и за Црвената Фурија.
Во Шведска законот за силување ќе се промени така што тужениот ќе мора да докажува невиност. Законот практично се сведува на тоа дека ако не се добие експлицитна вербална потврда или демонстрација (како ли па тоа ќе се дефинира?) за желба за секс, една од страните може да тврди дека е силуван/а.
За да не си натоварат етикета дека се нетолерантни кон малцинствата, шведски политичари се парализираат ако треба да зборуваат за омразата и насилствата кои доаѓаат од редот на оние на кои земјата им пружи уточишта од омраза и насилства. Опозицијата смета дека е време да се повторат некои базични лекции за интеграција и соживот.
Неговите Швеѓани само што обезбедија пласман на СП и одма се поставува прашањето дали нивниот најдобар играч во историјата, кој реши да ја заврши репрезентативната кариера, ќе се врати за Мундијалот. Во меѓувреме ние и натаму ќе уживаме во спектакуларните „ножички“ од пред 5 години на пријателска против Англија.
На Мундијалот нема да гледаме легенди како Џиџи Буфон, Арјен Робен, Дидие Дрогба, Џорџо Киелини... Се надеваме само дека шведската јавност и селекторот ќе го предомислат Златан да се врати во репрезентацијата и да заигра во Русија следното лето.
Шпанскиот судија Лаоз немаше храброст да покаже на белата точка и покрај тоа што имаше барем три спорни ситуации кои слободно може да се третираат како пенал. Еден за Италија и два за Шведска. Да беше обратно, италијанските медиуми и критичати ќе го распнеа судијата на крст и немаше дома да го пуштат.