Пред објавуањето на список со репрезентативци во квалификации, новинарите знаат да му се јават на Ибрахимовиќ за изјава, и овој да распали во негов стил.
Така и овојпат, во интервју за шведски Expressen Златан го критикуваше селекторот Јане Андерсон зошто на списокот нема фудбалери со странско потекло.
Ибрахимовиќ се навраќа и на квалификациите за Европското 2016 кога Андерсон немал во селекцијата ниту еден фудбалер со етничко потекло од друга земја.
„Прв список сега и што се случува? Колку има со странско потекло? Ниеден. Ако го прашате ќе кенка. А после ќе викне играчи со други потекла, за да биде политички коректен“, вели 38-годишниот Ибрахимовиќ во интервју за шведски Expressen.
Поранешната ѕвезда на Ајакс, Јувентус, Милан, Интер, Барселона и Манчестер Јунајтед вели дека селекторот Андерсон ја уништил мултикултуралноста во екипата која била градена 20-ина години.
Во Шведска според последните извештаи, бројката на мигранти од други земји надминала 20%.
„Ако го брани тој став, тогаш мора цврсто да стои и да не го менува. Го прашаа после првиот меч зошто има толку малку фудбалери со туѓо потекло, па тој се покака во гаќи и следниот пат викна многу. Мора да стои зад своите одлуки не да ги менува“.
Но шведската јавност овојпат е на страна на селекторт Јане Андерсон кој со голем успех ја води селекцијата, без разлика кој играл за Шведска а кој не. Тој ги однесе Швеѓаните на Светско со победа над Италија, а на Мундијалот 2018 стигна до 1/4 финале.
Во меѓувреме пред стадионот во Малме ќе биде откриена голема бронзена статуа на Златан Ибрахимовиќ во реална димензија:
Шведска е и на добар пат да обезбеди пласман на Европско 2022. Во сабота ја чека дуел со Малта на гости, а после три дена во вторник ја пречекуваат Шпанија. Швеѓаните се втори во група со 11 бода, зад Шпанија која има 18 и пред Романија која има 10.