ИКЕА упатство низ шведскиот правен систем

Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од  американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.

Она што Трамп не знае е дека Шведска нема систем на кауција (а и да има, нема така да функционира). За да му го олесни на Трамп идното вакво мешање во правниот систем на земјата, Швеѓаните составија упатсво на темата во разбирлив ИКЕА стил.

виа

12 август 2019 - 15:11